5 причини зошто да го поминете викeндот во Нови Сад

Нови Сад оваа година гордо ја носи титулата Европска престолнина на културата, каде со повеќе од 1500 настани и 4000 уметници во текот на целата година, претставува вистинска ризница на културно – уметнички различности и содржини.

5-pricini-zosto-da-go-pominete-vikendot-vo-novi-sad-01.jpg

Доколку сте планирале еден од следните викенди да одвоите за посета на војводинската престолнина, ви претставуваме пет причини што ќе допринесат да го направите тоа и порано од планираното.

1. Истражете го подземниот свет на Петроварадинската тврдина

Kaко една од најсочуваните фортификации во Европа, Пертоварадинската тврдина претставува посебна тврдина која се наоѓа на текот на втората најдолга река во Европа, поради што го носи и името „Гибралтар на Дунав“.

Градена е помеѓу 1692 и 1780 година и поседува 10 порти, 12.000 пушкарници, но и подземни воени галерии кои претставуваат вистински лавиринт со должина од 16 километри.

5-pricini-zosto-da-go-pominete-vikendot-vo-novi-sad-02.jpgфото: Подземна воена галерија, Драган Куручиќ

Зборуваме за четвороспратен комуникациско-одбранбен систем, чија градба е завршена 1783. година и која поради минските полиња, после Антверпен, во тоа време имала најголем завршен мински систем.

По должината на популарно наречените катакомби, се наоѓаат простории со различни намени, а колку  таа била безбедна покажува и фактот што во почетокот на 19 век во неа се чувале златото и среброто на Хабзбуршката монархија. 

2. Со прошетка запознајте го старото градско јадро

Ако ги запрашате локалните жители со кој епитет би го опишале својот град, еден од одговорите секако би бил „потаман“.

5-pricini-zosto-da-go-pominete-vikendot-vo-novi-sad-06.JPGфото: Туристички обиколки, Александар Милутиновиќ

Причина поради која е тоа така е затоа што Нови Сад е доволно мал и доволно голем да од една до друга точка можете да стигнете пешки. Сепак старото градско јадро кое го сочинуваат Трг слободе, Змај Јовина и Дунавска улица кои се меѓусебно поврзани и нудат интересни приказни за архитектурата на овој дел од градот. 

Ќе се запознаете со Градската куќа која е изградена во неоренесансен стил 1894. година Римокатоличката жупна Црква со името на Марија, изградена во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, но и најстариот новосадски хотел „Војводина“ од 1854. Година.

Тоа не е се, но ви оставаме сами да истражите и да ја искористите можноста на бесплатни туристички тури кои се организираат во среда, петок и сабота од јули до октомври оваа година. Како можете да се пријавите и што се можете да дознаете во овие тури, ќе дознаете со клик овде.

5-pricini-zosto-da-go-pominete-vikendot-vo-novi-sad-07.jpgфото: Центар на Нови Сад, Драган Куручиќ

3. Откријте ја единственоста на позлатените шлемови од IV век

Дека Нови Сад со причина ја носи титулата Европска престолнина на културата доказ се многубројните музеи и галерии чии поставки не треба да се прескокнат.

Меѓу просторно најголемите е и Музејот на Војводина, каде што можете да се запознаете со минатите времиња и приказните од првите жители кои ја населиле равничарската автономна покраина на Србија.

5-pricini-zosto-da-go-pominete-vikendot-vo-novi-sad-05.jpgфото: Позлатен шлем, Александар Милутиновиќ

Помеѓу сталните поставки на музејот, се наоѓаат и три позлатени римски шлемови од IV век. Ако појдете да разгледувате, љубезните кустоси на музејот ќе ви раскажат интересни приказни за нивните откритија.

Само малце ќе ве заголицаме, дека првиот го нашла една бабичка додека ја копала својата нива, и дека едно време не сакала воопшто ни да му се доближува. Ќе откриете помеѓу останатото, и како изгледал еден од првите велосипеди кој барал и добра физичка спремност и со кој можело да се оди само право.

4. Почувствувајте го Нови Сад од дунавската страна

Уште една особеност на Нови Сад е и таа што од левата страна на Дунав се простира равничарски крај,  додека од десната страна почнуваат падините на Фрушка гора – белите дробови на овој крај.

Токму тука се наоѓа Сремска Каменица, новосадска општина во која што живеел Јован Јовановиќ Змај, познат детски поет, драмски писател, преведувач и лекар.

5-pricini-zosto-da-go-pominete-vikendot-vo-novi-sad-03_1.JPGфото: Сремска Каменица, Александар Милутиновиќ

Во неговата куќа денес се наоѓа Змаевиот музеј, а за љубителите на природата треба да се истакне и Каменичкиот парк, кој  е најголем и најстар во градот. Денот можете да го завршите со традиционални јадења, пијалоци и тамбурашка музика на некоја од чардите кои се наоѓаат покрај Дунав

5. Излетнички правци ште не треба да ги изоставите

Кога ќе појдете накај Нови Сад, како неизоставен дел од посетата треба да биде и неговата поширока околина. Има многу излетнички места, каде кога ќе појдете кон Петроварадин и Текија можете да видите екуменско светилиште на кое доминира Римокатоличката Црква Снежна Госпа од 1881. година, која е изградена во спомен на Петроварадинската битка (1716) и победата на христијанската војска над Османлиите.

Понатаму тука се и Сремски Карловци, гратче во стилот на барок, кое е  многу важно за историјата на Србите, бидејќи во него било седиштето на Карловачката митрополија и патријархија или бањата Врдник, која претставува природен лек за душата и телото. 

Дека Фрушка гора е позната и како Српски Атос, доказ се 16 манастири кои се наоѓаат на оваа планина, чии приказни вреди да ги слушнете дирекно од луѓето што живеат и работат во нив.

Ако сепак се одлучите да тргнете кон равничарскиот дел, ве чекаат Футог и Ковиљ, како места што треба да ги запишете на својата листа за посети.

5-pricini-zosto-da-go-pominete-vikendot-vo-novi-sad-03.jpgфото: Манастир Раваница, Александар Милутиновиќ

Ова се само некои од предлозите за еден викенд во Нови сад, но како што можете да заклучите за три дена не може да се посети баш се. Ако тоа ви го докаже првиот викенд, предлози за секој следен за било кое годишно време во годината, можете да пронајдете на сајтот на Туристичката организација на Градот Нови Сад со клик овде.

Туристичка организација на Градот Нови Сад

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg