Во епицентарот на најдобриот провод: Погледнете по што ќе остане запаметен овогодинешниот фестивал EXIT

Фестивалската треска EXIT почна да се шири во регионот и два месеци пред официјалното отворање на портите на Петроварадин!

vo-epicentarot-na-najdobriot-provod-poglednete-po-shto-kje-ostane-zapameten-ovogodineshniot-festival-exit-02.jpg

Благодарение на соработката со брендот IQOS, EXIT во мај за прв пат тргна на голема „турнеја“ и со низа незаборавни забави го загреа целиот регион за музичкиот спектакл на годината кој традиционално се одржува во Нови Сад.

Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Србија го почувствуваа ритамот на еден од најважните музички настани во Европа, а IQOS, со најголем собир на корисници ширум регионот, уште еднаш покажа дека зборот заедница за брендот не само флоскула.

vo-epicentarot-na-najdobriot-provod-poglednete-po-shto-kje-ostane-zapameten-ovogodineshniot-festival-exit-03.jpg

Соработка која ги помести границите на фестивалското искуство!

Дека овогодинешната соработка меѓу двата бренда ги помести сите граници на фестивалското искуство се уверивме и во епицентарот на најдобриот провод. Имено, оваа година посетителите на EXIT на Петроварадинската тврдина можеа да ја најдат и IQOS Together. Forward бината која воедно беше и прва хаус музичка сцена на фестивалот досега, на која имаше бројни регионални изведувачи, кои често беа дел од други настани на IQOS.

Сликањето на WE Together муралот инспириран од вредностите на брендот IQOS, заедно со момчињата од колективот Paint Kartel, беше една од највпечатливите креативни заеднички активности што корисниците на IQOS можеа да ги искусат на EXIT.

Ексклузивен гостин на брендот IQOS на Together. Forward сцената беше и познатата апстрактна уметничка Светлана Нинковиќ, која во текот на четирите фестивалски дена од бели маици создаде уникатни уметнички дела само за корисниците на IQOS. Освен што беа одлично фестивалско парче облека и вреден сувенир, маичките обоени од Светлана во светли летни бои беа и билет за тајната забава EXITxIQOS. Само најупорните кои успеаја да ја отклучат локација неозначена на фестивалската мапа имаа единствена можност да се препуштат на ритамот што го диктира кралицата на „тропскиот“ електронски звук Blond:Ish во клубскиот тунел скриен во ѕидините на Петроварадин.

vo-epicentarot-na-najdobriot-provod-poglednete-po-shto-kje-ostane-zapameten-ovogodineshniot-festival-exit-04.jpg

А дека е синоним за бренд кој е во чекор со времето и се труди постојано да им нуди на своите корисници нови искуства, IQOS докажа преку лансирањето на својата прва NFT колекција која беше реализирана во соработка со фестивалот EXIT и еден од најголемите електронските артисти на денешницата, диџеј Мацео Плексом.

Корисниците на IQOS имаа можност да освојат уникатна серија од 100 NFT токени преку интерактивен натпревар. Покрај влезниците за фестивалот Егзит и пристапот до виртуелните галерии на фестивалот, победниците на EXITxIQOS NFT добија и песна од новиот албум на Maceo Plex во дигитално издание, потпишана винил плоча со новиот албум и билет за уште една тајна забава каде Maceo Plex ќе пушта музика само за сопствениците на овој дигитален токен.

vo-epicentarot-na-najdobriot-provod-poglednete-po-shto-kje-ostane-zapameten-ovogodineshniot-festival-exit-05.jpg

vo-epicentarot-na-najdobriot-provod-poglednete-po-shto-kje-ostane-zapameten-ovogodineshniot-festival-exit-06.jpg

Од првиот ден, брендот IQOS е познат како бренд со голема мисија, роден од желбата на ФМИ да им понуди подобра опција на милијарди возрасни пушачи кои не сакаат да се откажат од цигарите, и одден наден покажува дека многу го цени секој поединец кој донел подобра одлука* за себе и направил еден чекор напред кон иднината без чад.

Преку сите овие активности и неверојатни искуства, брендот IQOS покажа што навистина значи да се стави корисникот на прво место и дека заедницата IQOS е место каде што се менуваат навиките, место на добри промени и нови искуства каде се создаваат спомени за цел живот.

vo-epicentarot-na-najdobriot-provod-poglednete-po-shto-kje-ostane-zapameten-ovogodineshniot-festival-exit-07.jpg

*Важно е да се нагласи дека иако е подобра одлука отколку да се продолжи со пушење цигари, IQOS не е без ризици и ослободува никотин кој предизвикува зависност.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg