Прашуваме: Дали има решение за живеење без чад од тутун?

Колку е штетен и непријатен чадот од тутунот, не само за пушачите туку и за нивната околина, најдобро знаат оние кои засекогаш се ослободиле од оваа штетна навика.

prashuvame-dali-ima-reshenie-za-zhiveenje-bez-chad-od-tutun-01.jpeg

Самите пушачи се свесни за опасностите од пушењето, но сепак поединци сè уште не се откажуваат од оваа лоша навика од различни причини.

Првата и најдобра опција е да се откажете од тутунот и никотинот, веднаш и без одлагање. Но, во последниве години се отвори простор за јавни дискусии за помалку штетни опции, кои исто така не се без ризици бидејќи ослободуваат никотин, но претставуваат подобар избор во споредба со продолжувањето со пушење цигари.

Со овие алтернативи, нема согорување или чад од тутун, за кој е познато дека е меѓу главните причинители на болести поврзани со пушењето. Но, освен тоа што производите без чад се помалку ризични за здравјето на секој пушач, тие влијаат и на подобрување на личната хигиена, бидејќи веќе го нема оној непријатен мирис во здивот, во косата или во облеката.

Истовремено, додека корисникот на овие производи и натаму ужива во ритуалот од кој не може да се откаже, тоа не влијае негативно на оние што се во неговата блиска околина од причина што овие уреди не испуштаат чад туку аеросол, односно водена пареа која се создава при процеот на нагревање на тутунот.

Современите научни истражувања дојдоа до следните решенија.

Предности на алтернативи за пушење цигари

Најпознат таков уред е IQOS, кој го загрева тутунот наместо да го согорува, со што се елиминира чадот од тутунот, како и процесот на согорување што вообичаено се случува при палењето на обична цигара. Главната разлика помеѓу цигарите и алтернативите што го загреваат тутунот е токму во согорувањето, со тоа што овој уред ослободува 95% помалку штетни состојки во споредба со цигарите, иако неговата употреба не е без ризици. Исто така, важно е да се разбере разликата помеѓу IQOS и електронските цигари кои ја загреваат никотинската течност, додека уредот за загревање го ослободува никотинот од “патронот” со тутун.

prashuvame-dali-ima-reshenie-za-zhiveenje-bez-chad-od-tutun-001.jpeg

Штетни материи во цигарите кои оваа алтернатива ги нема

При согорување на цигара се произведуваат јаглерод моноксид и катран, кои со години се таложат во телото и на долг рок предизвикуваат разни проблеми. Бидејќи IQOS не го согорува, туку го загрева тутунот, создава многу помал процент на јаглерод моноксид, до 98%, но и значително пониско ниво на други штетни состојки во споредба со цигарите. Ова не мора да значи намалување на ризикот од 98%, и затоа треба да се истакне дека не е производ без ризик и дека ослободува никотин кој предизвикува зависност.

Како најефикасно да се ослободите од чадот од тутунот

Најефикасното ослободување е со гаснење на цигарата. Откажувањето од било кој тутун и производи базирани на никотин е најдоброто решение. Друго решение може да биде информацијата за помалку штетни алтернативи кои можат да бидат само дел од решението за ослободување на штетни материи од чадот од тутунот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg