Се спојуваат модата и екологијата: ХалкЕко на Халкбанк претставува стилизирани еко торби и маици дизајнирани од Јована Филиповиќ

СКОПЈЕ - 19 ЈУЛИ 2022 - Општествено одговорниот проект „ХалкЕко“ на Халкбанк се проширува со ексклузивна колаборација за еко торби и маици дизајнирани од македонската дизајнерка Јована Филиповиќ.

se-spojuvaat-modata-i-ekologijata-halkeko-na-halkbank-pretstavuva-stilizirani-eko-torbi-i-maici-dizajnirani-od-jovana-filipovikj-01.jpg

„ХалкЕко“ на Халкбанк е мобилна апликација која охрабрува на физичка активност, еко свесност, формирање здрави навики и придонес кон зачувување на животната средина. Корисниците на „ХалкЕко“ апликацијата добиваат „ХалкКоинс“ за активности како трчање, пешачење, возење велосипед или тротинет, со што им следуваат подароци, бенефиции и можности за засадување зелени површини.

Најновата гранка од проект „Халкеко“ е несекојдневна колаборација од која произлегоа ултра модерни варијанти на еко торби и дизајнирани еко маици, ексклузивно осмислени и изработени од Јована Филиповиќ.

se-spojuvaat-modata-i-ekologijata-halkeko-na-halkbank-pretstavuva-stilizirani-eko-torbi-i-maici-dizajnirani-od-jovana-filipovikj-02.jpg

Идејата за колаборацијата започнува пред девет месеци на иницијатива на Халкбанк која често ги препознава, цени и продлабочува соработките со своите бизнис клиенти, па овој пат тоа го направи со талентираната дизајнерка Јована Филиповиќ од која побара ексклузивен дизајн за еколошки, ХалкЕко торби за повеќекратна употреба.

se-spojuvaat-modata-i-ekologijata-halkeko-na-halkbank-pretstavuva-stilizirani-eko-torbi-i-maici-dizajnirani-od-jovana-filipovikj-03.jpg

 „Во рамки на нашата HalkEco платформа, посветени сме кон постојано нижење на нови инспиративни проекти кои ќе ја надградат и зголемат нејзината функцијата во интерес на екологијата, здравите животни навики и свеста за заштита на животната средина. Овој пат, во време кога сите знаеме колку не е “ИН” да се користат пластични кеси при пазарење, сакавме да им понудиме на нашите HalkEco корисници вистински модни решенија за торби кои ќе бидат во линија со нивната еко свест – тренд кој заслужува поздрав и вистинско внимание. За таа цел, сосем природно, се обративме до Јована Филиповиќ, како една од најдобрите дизајнери во регионот а воедно и наш клиент, да го направи тоа  на начин кој бевме убедени дека ќе ги исполни па дури и надмине нашите очекувања” велат од тимот за корпоративни и маркетинг комуникации на Халкбанк.

se-spojuvaat-modata-i-ekologijata-halkeko-na-halkbank-pretstavuva-stilizirani-eko-torbi-i-maici-dizajnirani-od-jovana-filipovikj-04.jpg

„Ме воодушеви иницијативата на Халкбанк за ваков тип на соработка, не само поради тоа што е многу иновативна и инспиративна, туку е пред сѐ креативна порака за развојот на еколошката свесност која треба да ја има секој од нас“, вели дизајнерката Јована Филиповиќ.

se-spojuvaat-modata-i-ekologijata-halkeko-na-halkbank-pretstavuva-stilizirani-eko-torbi-i-maici-dizajnirani-od-jovana-filipovikj-05.jpg

Идејата зад проектот е да се спојат екологијата, самосвесноста и модата во еден производ, еко торби, на три различни начини.

Во процесот на дизајнирање на торбите, соработниците добиле идеја да се осмислат и маици кои ќе бидат изработени исто така од еко материјали и ќе ја зајакнат еко пораката.  

se-spojuvaat-modata-i-ekologijata-halkeko-na-halkbank-pretstavuva-stilizirani-eko-torbi-i-maici-dizajnirani-od-jovana-filipovikj-08.jpg

se-spojuvaat-modata-i-ekologijata-halkeko-na-halkbank-pretstavuva-stilizirani-eko-torbi-i-maici-dizajnirani-od-jovana-filipovikj-09.jpg

„Торбите и маиците се наменети за мажи и жени и се осмислени да можат лесно да се вклопат во секојдневнието, а дизајнот и боите се одбрани за да се вклопат во секој изглед. Сѐ е направено од 100% еко материјали и поголемиот дел од торбите, како и маиците се изработени во нашето студио до последен детал и со zero waste прозводство“, објаснува Јована Филиповиќ.

se-spojuvaat-modata-i-ekologijata-halkeko-na-halkbank-pretstavuva-stilizirani-eko-torbi-i-maici-dizajnirani-od-jovana-filipovikj-06.jpg

se-spojuvaat-modata-i-ekologijata-halkeko-na-halkbank-pretstavuva-stilizirani-eko-torbi-i-maici-dizajnirani-od-jovana-filipovikj-07.jpg

Изминативе години, Халкбанк преку „ХалкЕко“ платформата постојано организира, реализира и поддржува еко проекти, спортски настани и општествено одговорни практики.

Оваа платформа на Халкбанк, која е силно поддржана од партнерот Мастеркард и од луѓето како нејзини корисници, Министерството за економија годинава ја прогласи за најдобар општествено одговорен проект во категоријата Однос со животната средина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg