Како да ја опремите вашата градина со помош на вашиот паметен телефон
- Детали
- вторник, 19 јули 2022
Велат дека дигиталниот свет и активностите во природа не одат рака под рака. Но, што ако ви кажеме дека вашиот паметен телефон може да донесе големи придобивки за вашата градина? Звучи неверојатно, но ние ќе ви го докажеме спротивното.
Кога помислуваме на градина, веднаш помислуваме и на лопати, гребла, гумени чизми, земја, кал и валкани раце. Градинарството е нешто што скоро никогаш не го поврзуваме со технологијата. Сепак, карактеристиките на трите ѕвезди од новата Samsung Galaxy S22 серија можат совршено да се вклопат во вашата градина, иако тие физички не можат да засадат растенија наместо вас.
Инспирација
Што сакате да засадите – Цвеќиња? Зеленчук? По некоја билка? Сѐ заедно? Најдобар начин да дознаете како сакате вашата градина да изгледа е да побарате инспирација во вашата околина.
Galaxy S22 серијата е дизајнирана да обезбеди најнапредно искуство со камера досега. Со помош на новата функција Nightography, како и технологијата Adaptive Pixel, камерата пропушта повеќе светлина, правејќи ја содржината на фотографијата повпечатлива, дури и во темница. Прошетајте се низ вашето соседство со новиот Galaxy S22, S22+ или S22 Ultra, и фотографирајте ги градините што ќе ви остават најголем впечаток, во било кое време од денот.
Ако се свртиме кон моделот S22 Ultra, тој е првиот Galaxy S модел кој доаѓа со вградено Galaxy S22 Ultra S Pen пенкало. Додека го посетувате локалниот гардинарски маркет, отворете ја апликацијата Samsung Notes, или тапнете со S Pen два пати на екранот, и лесно запишете ги имињата на растенијата што ги сакате. Подобреното доцнење на допирот на S Pen прави секое движење да биде природно како мастило на хартија, а сите набрзина напишани идеи лесно можете да ги претворите во читлив текст.
Испланирајте однапред
Време за вашиот нов Galaxy S22 телефон повторно да заблеска.
Моделите S22 и S22+, направени со моќна главна камера од 50 MP, телефото камера од 10 MP и ултра широка камера од 12 MP, и S22 Ultra со најголемиот пиксел сензор на Samsung досега од 2,4 um и зум кој ќе ве приближи 100 % до посакуваната цел, ќе ви овозможат секогаш да направите јасни, остри фотографии со највисок квалитет.
Направете неколку фотографии од просторот што имате намера да го користите за вашата градина, покривајќи ги сите можни агли, без разлика дали се работи за голем или мал простор. Уште подобро, снимете видео запис со автоматско кадрирање кое гарантира дека вашата камера го снима токму она што го сакате и до најмалиот детал.
Покрај серијата S22, Samsung воведе и сосема нова линија на таблети и пакет ажурирани функции за часовникот Galaxy Watch4. Вашите фотографии и видеа од посакуваното место за градина, како и вашите претходни забелешки од Samsung Notes, веднаш се синхронизираат со новиот Galaxy S22 Ultra што ќе ви овозможи полесно скицирање и планирање за изгледот на вашата нова градина.
Направете листа
Конечно решивте како сакате вашата градина да изгледа и кои растенија ќе бидат дел од неа – сега направите конечна листа. Ова треба да вклучува не само растенија и семиња, туку и сè друго што можеби ќе ви треба, а што сè уште го немате. Последно нешто што сакате е да сфатите дека сте заборавиле нешто значајно кога ќе навлезете со лактот длабоко во почвата за садење.
Откако ќе ја забележите вашата листа на потребни продукти, обидете се да запишете и алтернатива на секое растение, во случај посакуваното да го нема во вашиот локален градинарски маркет. Истражувањето е секако подобро да го направите од удобноста на вашиот дом или додека се релаксирате во омиленото кафуле со помош на новиот Galaxy S22 телефон.
Дисплеите 120 Hz Infinity-O на Galaxy S22 серијата се создадени со технологија Dynamic AMOLED 2X со Vision Booster како би имале поголема видливост, така што глетката ќе биде јасна дење и ноќе, внатре и надвор, без никаков отсјај. Најбрзиот процесор од 4nm на Galaxy досега, ќе ви обезбеди неверојатно фино, брзо и продуктивно искуство на пребарување со помош на Samsun Internet апликацијата.
Дополнително, Galaxy S22 серијата го има Samsung Wallet, кој практично и безбедно го олеснува вашиот секојдневен живот. Samsung Wallet комбинира дигитално плаќање, лична карта, клучеви и управување со дигиталните средствата во една алатка која лесно ќе го поедностави опремувањето на вашата нова градина.
Знаењето е моќ
Колку подобро сте подготвени да се справите со какви било непосакувани проблеми што може да се појават, толку е поголема веројатноста вашата градина да успее. Погрижете се да научите што точно му треба на секое растение за да напредува - или, во некои случаи, како да спречите да израсне низ целата градина.
Чувајте го вашиот паметен телефон или таблет при рака додека садите, во случај да треба повторно да проверите нешто. Ако нешто тргне наопаку, истражете ги сите можни решенија, без да се грижите дали батеријата на вашиот телефон ќе издржи. Подобрената AI технологија на моделите од серијата Galaxy S22 ја пренесува моќноста од 5000mAh од еден ден во друг, интелигентно приспособувајќи се на начинот на кој го користите телефонот. Со други зборови, вашиот телефон зачувува батерија за кога ќе ви биде најпотребна, за траење на батеријата повеќе часови отколку што има во еден ден.
И ако сè друго не успее и не можете да сфатите што не е во ред, фотографирајте го проблемот и брзо и безбедно споделете го со вашите пријатели или други ентузијасти за градинарење.
Направете си распоред
Без разлика колку ја сакате вашата градина, таа не е единственото нешто во вашите животи. Сосема е нормално понекогаш да заборавите да ги наводнувате растенијата, покрај сите оние месечни и годишни задачи за одржување на градината во најдобра форма.
Поставете си потсетници на вашиот нов Galaxy S22 телефон за да ве потсетуваат секогаш кога нешто треба да се направи, без разлика дали тоа е наводнување, ѓубрење, кастрење, повторно засадување или едноставно берење на овошјето (и зеленчукот) од вашиот труд пред да паднат од растението. Потрудете се да ги конфигурирате потсетниците да се исклучуваат во време кога сте всушност дома и сте способни веднаш да ја извршите задачата.
А како најдобро и најбрзо да ги поставите новите потсетници, ако не со Bixby, виртуелниот асистент од Samsung. Може да комуницирате со Bixby користејќи глас, текст или допир. Тој е длабоко интегриран во телефонот, што значи дека Bixby може да извршува за вас многу задачи што ги правите на вашиот телефон, како на пример да постави потсетник.
Меморија
Сè додека водите евиденција за тоа што испаднало добро, што тргнало наопаку и зошто, градинарството е постојано искуство за учење. Исто така, фотографирајте многу - на тој начин, по многу години во иднина, сè уште ќе можете да ги покажете вашите прекрасни рози или да се смеете за тоа кога еднаш сте пораснале премногу домати и едвај нешто друго од насадениот зеленчук.
И не грижете се дека вашите спомени ќе избледат, бидејќи серијата Galaxy S22 вклучува доволно меморија за сите моменти во вашата градина, од прекрасните рози, до мноштвото домати.
За да одлучите сега кој од овие три телефони е вистинскиот за вас, посетете ја страницата и дознајте повеќе детали за саканиот модел:
S22 и S22+: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22/
S22 Ultra: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/buy/