„Виталиа“ ја отвори својата прва аналитичка лабораторија

Поседувањето на најстрогите стандарди за квалитет и безбедност на храна налага подлабока и ефикасна контрола примарно на процесите на производство, но и на готовиот производ што се пласира на полиците во супермаркетите.

vitalia-ja-otvori-svojata-prva-analitichka-laboratorija-01.jpg

Свесни за потребата од детална и брза анализа на готовиот производ со цел одржување на квалитетот и безбедноста на истиот, најголемиот производител за здрава храна во регионот – Виталиа - отвори сопствена аналитичка лабораторија.

Лабораторијата беше отворена во април и е сместена во нов, модерно опремен објект со најнова опрема за вршење физичко-хемиски анализи вклучувајќи Елиса – спектофотометар, влагометар - термогравиметриски метод кој овозможува мерење на % на влага во примероци, метода за испитување на глутен - RIDASCREEN® Gliadin (Art. No. R7001) како и инкубатор за микробиолошки анализи.

vitalia-ja-otvori-svojata-prva-analitichka-laboratorija-02.jpg

Оваа година лабораторијата ќе биде акредитирана според стандардот ISO 17025 при што ќе се зголеми бројот на методи за анализа на сопствените производи како и можноста да ги дава своите услуги на други компании.

„Нашата цел е со строго контролираните услови и можноста за брзи и прецизни анализи да обезбедиме и испорачаме високо квалитетни производи кои ќе ги задоволат потребите на крајниот потрошувач. Се стремиме да одржиме висок професионализам, флексибилност, доверливост и компетентност во строга согласност со законските и техничките правила и норми. Нашиот тим вклучува високо мотивирани лица со експертиза за барањата на стандардот ISO 17025 за лаборатории“ – изјавија од компанијата.

vitalia-ja-otvori-svojata-prva-analitichka-laboratorija-03.jpg

Новата лабораторија на Виталиа ја потврдува стратешката определба на компанијата за производство на квалитетни, ценовно достапни, безбедни и здрави производи изработени во согласност со најстрогите светски стандарди.

За Виталиа

Виталиа е пионер и лидер во областа на развој и производство на здрава храна во регионот со 30-годишно искуство.

Нејзината специјалност за развој на категориите е потврдена со голем број признанија за нејзините иновации на меѓународни саеми. Годинава компанијата доби признание за развој на 3 нови линии и тоа Probiotic, Veggie Joy Mix & Veggie бисквити линија, кои се „додадена вредност“ во исхраната на современиот потрошувач.

Виталиа е единствениот производител на здрава храна со оценка А од меѓународните BRC\IFS стандарди, што го потврдува врвниот квалитет на производите кои ги нуди до крајниот потрошувач како и потврда за успешна реализација на визијата – Создавање здрава храна за здрави генерации.–

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg