Улогата на проектите за намалување на штети во стратегиите за откажување од пушење

Пушењето цигари претставува глобален проблем од кој директно се засегнати околу една милијарда пушачи, но и огромен број непушачи кои се наоѓаат во нивна непосредна близина. Досега односот и ставот кон контролата на употреба на тутун на светско ниво се базираше на принципот на откажување од пушењето, кој сепак не се покажа како многу ефективен.

ulogata-na-proektite-za-namaluvanje-na-shteti-vo-strategiite-za-otkazhuvanje-od-pushenje-01.jpg

Што ако постои и трета опција за пушачите кои не сакаат или не можат да се откажат од тутунот, а која носи бенефит и за нив и за нивното опкружување?

Со оглед на фактот што откажувањето од цигарите оди многу тешко и покрај зголемувањето на цените и други рестриктивни мерки, многу земји се свртуваат кон стратегија за намалување на штетите од тутунот. Се работи за еден вид промоција на употреба на иновативни, помалку штетни алтернативи на цигарите. За целосно разбирање на разликите, важно е да се напомене дека, иако се подобра опција, овие алтернативи не се без ризик и ослободуваат никотин кој создава зависност. На овој начин, возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат, ќе продолжат да уживаат во ритуалот кој го сакаат и во никотинот, но со многу помали штети по нивното здравје, а што може да има далекусежни позитивни ефекти по вкупното јавното здравје.

Новите тутунски производи и тутунските производи во развој кои се различни од цигарите, се дизајнирани значително да го намалат или елиминираат ослободувањето на штетни и потенцијално штетни хемикалии, а истовремено колку што е можно повеќе да го зачуваат вкусот, сетилното искуство, профилот на испорака на никотин, како и ритуалните карактеристики на цигарите. Токму, користењето на алтернативните тутунски производи со намалена штетност за пушачите, најверојатно ќе резултира со намален вкупен ризик по здравјето на населението во целина, вклучително и за оралното здравје.

Бидејќи при консумацијата не го согоруваат, туку го загреваат тутунот, алтернативните тутунски уреди не произведуваат ни катран, туку аеросолен остаток. Овој остаток содржи значително пониски нивоа на штетни состојки, додека активните пушачи по долгогодишниот стаж во организмот можат да имаат дури 500 грама наталожен катран.

Глобално најпознатиот бездимен уред во категоријата иновативни тутунски производи е IQOS. Тој функционира така што не го согорува тутунот, туку го загрева. При консумирањето не се создава чад од тутунот, туку аеросол. Кај технологијата на загревање на тутунот, во просек се создава 98 проценти помалку јаглерод моноксид и значително пониски нивоа на другите штетни состојки.

IQOS е првиот и единствен систем за греење на тутунот што американската Администрација за храна и лекови (ФДА) минатата година го класифицираше како производ со модифициран ризик, заклучувајќи дека изложеноста на штетни материи при користење на овој уред е значително намалена во споредба со цигарите. Покрај IQOS, на нашиот пазар е достапен и lil Solid 2.0, помалку штетна алтернатива на пушењето, која работи и на принципот на загревање на тутунот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg