МБУ и лани универзитет со најмногу запишани студенти од сите приватни високообразовни институции

(Скопје, 12.07.2022) – Меѓународниот Балкански универзитет (МБУ) и ланската година беше универзитет со најмногу новозапишани студенти во споредба со другите приватни универзитети во државата, покажуваат објавените податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за бројот на запишани студенти во 2021 година.

mbu-i-lani-univerzitet-so-najmnogu-zapishani-studenti-od-site-privatni-visokoobrazovni-institucii-02.jpg

Лани, МБУ беше избор на 2.221 студент што го прави најпопуларен и најголем приватен универзитет во земјата. Објавените податоци од ДЗС покажуваат и раст на интересот за студирање на МБУ. Имено, во претходната 2020 година на Универзитетот, во прва година биле запишани 2.024 студенти, што значи дека лани интересот се зголемил бидејќи се запишале речиси 200 студенти повеќе.

„Започнувајќи со работа пред 16 години со неколку факултети и оддели, и со само 9 студенти, Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) успеа, со многу посветеност и труд вложен во образовниот процес, да прерасне во ценета високообразовна институција. Универзитетот на идните академски граѓани им нуди повеќе од 30 студиски програми на прв, втор и трет циклус студии, со оптимално комбинирана практична и теоретска, современа наставна програма која е целосно на англиски јазик, која се одвива во современ универзитетски кампус, со модерна опрема и сите потребни наставни помагала за ефикасно и ефективно учење.

Во наставата е вклучен квалификуван академски кадар со меѓународна репутација и искуство. Сево ова со сигурност придонесува да бидеме прв избор на идните студенти кои сакаат да се образуваат во приватни високообразовни институции“, вели Беркан Имери, генерален секретар на МБУ.

mbu-i-lani-univerzitet-so-najmnogu-zapishani-studenti-od-site-privatni-visokoobrazovni-institucii-01.jpg

Како општествено одговорна високообразовна институција, МБУ секоја година обезбедува голем број стипендии за најдобрите средношколци кои сакаат да го продолжат своето образование на овој реномиран универзитет. Во зависност од успехот во средното образование се покриваат од 50% до 100% од школарината за секој семестар, а во изминативе 16 години оваа можност ја искористија над 1500 средношколци.

mbu-i-lani-univerzitet-so-najmnogu-zapishani-studenti-od-site-privatni-visokoobrazovni-institucii-03.jpg

Нивото и квалитетот на образовниот процес што ги нуди Универзитетот се зголемува со програмите и договорите за студентска мобилност, односно можност за размена преку договори што МБУ ги има со над 160 универзитети во 40-тина земји од Европа и светот, преку европската мрежа за студентска мобилност Еразмус+.

Потврда за квалитетот на образовниот процес и посветеноста на студентите е и фактот дека дури 90% од студентите кои ги завршиле своите студии на МБУ се вработени и веќе градат успешна кариера во домашни и странски компании.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg