ЦЕФТА го отстранува неоправданото гео-блокирање - поголеми можности за онлајн купувачите

Дали сте слушнале за терминот „гео-блокирање“? Ова е проблем со кој често се соочуваат онлајн продавачите и купувачите во регионот, но и пошироко. Географското блокирање се смета за вид на дискриминација меѓу потрошувачите во зависност од местото каде што живеат и од каде сакаат да работат или да примаат нарачки.

cefta-go-otstranuva-neopravdanoto-geo-blokiranje-pogolemi-mozhnosti-za-onlajn-kupuvachite-01.jpg

Токму затоа акцискиот план за заедничкиот регионален пазар 2021-2024 година предвидува слободно движење на стоки и услуги во рамките на ЦЕФТА, а неоправданото географско блокирање е една од бариерите што ЦЕФТА сака да ги отстрани. Кој има најголема придобивка од ова? Се разбира, сите онлајн купувачи кои купуваат во е-продавници со седиште во друг пазар на ЦЕФТА.

Експертите на ЦЕФТА го усогласија текстот на Одлуката на Мешовитиот комитет, чија цел е да се погрижи правилата на Европската унија да се применуваат во рамките на ЦЕФТА најдоцна до 2025 година, што ќе биде доволно за воспоставување правилата и процедури на ниво на секој пазар на ЦЕФТА.

Што носат правилата на ЦЕФТА за гео-блокирање?

Еднаков пристап кон стоки и услуги

Трговците нема да можат да ги дискриминираат клиентите во однос на општите услови

Стоките кои или се испорачуваат на друг пазар на ЦЕФТА (во случај кога трговецот нуди испорака) или се подигнуваат на локацијата договорена со купувачот

б) услуги, како што се електронските на пример - складирање податоци и хостирање веб-страници и слично, како и услуги за сместување во хотел или изнајмување автомобил.

Пристап до сајтови за е-трговија

Трговците нема да можат да го ограничат пристапот до онлајн продавниците според местото на живеење на клиентот. Клиентите ќе имаат целосна слобода да изберат дали сакаат да купуваат на локации кои се приспособени за нивниот домашен пазар или некој друг пазар на ЦЕФТА.

Платежни трансакции

Според новите правила, неоправданата дискриминација во однос на начините на плаќање е исто така забранета, па така трговците нема да можат да применуваат различни услови за плаќање на клиентите поради националноста или местото на живеење или да го блокираат нивниот пристап до онлајн купување.

Постојат ли исклучоци?

Да. Услугите поврзани со содржина заштитена со авторски права или дела во нематеријална форма - како што се услугите за стриминг музика и е-книги, ќе бидат исклучени од опсегот на овие правила. Исто така, ќе бидат исклучени и други услуги како што се финансиски, аудио-визуелни, транспортни, здравствени и социјални.

За разлика од ценовната дискриминација, диференцијацијата на цените нема да биде забранета. Па така, трговците ќе можат слободно да понудат различни општи услови, вклучувајќи ги и цените, но и да таргетираат одредени групи клиенти на одредени територии. Дополнително, трговците нема да бидат обврзани да испорачуваат стока на клиентите надвор од пазарот на ЦЕФТА на кој нудат испорака.

Географско блокирање: мит или факт?

ЦЕФТА неодамна спроведе истражување за оваа проблематика. Резултатите покажуваат дека само 1 од 4 обиди да се купи нешто онлајн на соседните пазари на ЦЕФТА се успешни. Причините се многубројни, но некои се оправдани, но некои не. Истражувањето на пазарот беше изработено од страна на конзорциумот на Македонската асоцијација за е-трговија (лидер) и Српската асоцијација за е-трговија (член) - Нина Ангеловска беше тим лидер на експертскиот тим составен од Зорана Милидраг, Марина Ангеловска, Марија Ристовска, Филип Чизбановски и Марко Палоски.

Кај скоро сите веб-продавници во Северна Македонија забележана е практика за гео-блокирање главно во фазата на испорака. Проблемот се јавува со блокада на Google Maps, кога на купувачот не му е дозволено да избере адреса за испорака надвор од Северна Македонија.

Највисоки гео блокади има во онлајн продавниците во Молдавија (87.5%), а најмалку во Црна Гора (60.9%). Од друга страна, македонските онлајн продавници во 69% од случаите се соочуваат со гео блокада.

Најголем дел од претставниците на македонските електронски продавници како главен проблем ги споменуваат царинските давачки. Имено, товарот за царинска такса паѓа на купувачите треба да ги платат царинските такси (кои се разликуваат помеѓу пазарите на ЦЕФТА) покрај цената на производот. E- трговците бараат да нема царина или барем да се зголемат праговите, односно да се ослободат од царинските такси стоките што чинат 250 евра или помалку.

Некои од овие прашања, како и останати иницијативи насочени кон подобрување на е-трговијата во рамките на ЦЕФТА, по примерот на ЕУ се дел од акцискиот план за е-трговија на ЦЕФТА. Дознајте за сите активности на ЦЕФТА во областа на дигиталната трговија во Акциониот план за е-трговија на ЦЕФТА на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg