Шпаркасе Банка преку платформата „Sparkasse Life“– поддржувач на настани од културно значење

4.7.2022 г. – Од 1 до 3 јули во Дојран, по 12-ти пат се одржа музичкиот фестивал „Д Фестивал“, на кој учествуваа многубројни реномирани домашни и светски музички имиња, а Шпаркасе Банка во согласност со својата стратегија за корпоративна општествена одговорност беше поддржувач на фестивалот во рамките на платформата „Sparkasse Life“.

shparkase-banka-preku-platformata-sparkasse-life-poddrzhuvach-na-nastani-od-kulturno-znachenje-01.jpg

За време на фестивалскиот викенд, тимот на Шпаркасе Банка имаше можност да ја почувствува убавата фестивалска енергија и атмосфера, но и да се дружи со посетителите на фестивалот во забавниот „Sparkasse Life“ корнер и да им ја пренесе силната порака да веруваат во себе и во своите креативни способности, да се надградуваат и да ја движат заедницата напред. Токму Банката, свесна за значењето на музичките настани како овој врз целокупниот културен живот во нашата земја, но и препознавајќи ја потребата од поддршка на младите луѓе и целокупната уметничка сцена во државава, ја креираше платформата „Sparkasse Life“.

shparkase-banka-preku-platformata-sparkasse-life-poddrzhuvach-na-nastani-od-kulturno-znachenje-02.jpg

Преку платформата „Sparkasse Life“, Шпаркасе Банка интензивно ќе поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и на тој начин силно ќе ги бодри младите луѓе, кои се иднината на оваа земја.

Јули е во знакот на „Sparkasse Life“, па освен „Д Фестивал“, Шпаркасе Банка ќе даде поддршка и на уште две значајни културни манифестации: Фестивалот на европски филм Cinedays, кој ќе се одржи од 7-ми до 14 јули, и фестивалот Охридско лето, кој ќе се одржи од 12 јули до 20 август во Охрид.

shparkase-banka-preku-platformata-sparkasse-life-poddrzhuvach-na-nastani-od-kulturno-znachenje-03.jpg

Освен активности поврзани со музика, концерти, културни настани и развој на уметноста, платформата „Sparkasse Life“ вклучува и активности поврзани со заштита на животната средина, спортски настани, промоција на навики за водење здрав живот и поддршка на спортот и младите таленти. Понатаму, содржани се сите сегменти што се од најразлични области на живеење, а се однесуваат на образование, здравство, ранливи и маргинализирани групи, како и донациите и активностите во сите споменати области.

shparkase-banka-preku-platformata-sparkasse-life-poddrzhuvach-na-nastani-od-kulturno-znachenje-04.jpg

Банката останува силно посветена на визијата да биде водечка банка по квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, па затоа ги охрабрува сите да бидат мотивирани и секогаш да посакуваат нешто подобро за себе, да бараат додадена вредност и квалитетна услуга и секогаш мудро да одбираат! Да веруваат во себе затоа што имаат банка што верува во нив.

shparkase-banka-preku-platformata-sparkasse-life-poddrzhuvach-na-nastani-od-kulturno-znachenje-05.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg