10 причини зошто сексот е добар за вашето здравје

Сексот може да биде прекрасно задоволство, но не е само тоа. Дали знаевте дека сексот може да биде добар за целокупното здравје?

10-prichini-zoshto-seksot-e-dobar-za-vasheto-zdravje-01.jpg

Придобивките се во насока на намалување на нивото на стрес и намалување на ризикот од рак или срцев удар. Сексуалната интимност ја зајакнува врската помеѓу партнерите, и прави да се чувствувате посакувани и сакани. Сексот влијае на тоа да се намали анксиозноста и да се намалат грижите, а притоа истовремено влијае на подобрување на целокупното здравје на телото.

Помалку настинки и подобар имунитет

Бројни истражувања покажуваат дека редовниот секс допринесува за зајакнување на имуниот одговор на телото, а со тоа се намалува бројот на денови „во друштво“ на разни сезонски настинки. Имено, според една студија од 2004 година на Карл Чарнецки и Френсис Бренан, луѓето кои имале секс почесто (најмалку 1—2 пати неделно) имале повеќе имуноглобулин А (IgA) во нивните тела отколку другите учесници во студијата.

IgA е главниот имуноглобулин кој ја штити слузницата од напад на разни надворешни бактерии.

Секако, само редовниот секс нема да ве спаси од разболување. Здравата исхрана, вежбањето и добриот сон помагаат да се зајакне одбраната на организмот од заразни болести. Меѓутоа, во комбинација со нешто пријатно како сексот, телото станува уште посилно и поотпорно на сезонските настинки.

Намалување на крвниот притисок

Добра вест е дека сексот може да помогне да се спречи развојот на состојба каде би имале зголемен крвен притисок. Според една студија од 2016 година на Универзитетот во Мичиген, докажано е дека жените кои имаат редовен секс многу ретко страдаат од висок крвен притисок.

Сексот, покрај здравиот начин на живот, може да му помогне на телото подобро да го регулира крвниот притисок. Се разбира, сексуалната активност не може да ги замени лековите за контрола на крвниот притисок, но секако е корисен и пријатен додаток.

Сексот го намалува ризикот од срцев удар

Сексот и здравјето на срцето се поврзани. Истата студија од Универзитетот во Мичиген покажува дека сексот има и одредено заштитно дејство врз кардиоваскуларниот систем и неговото здравје.

Мажите кои имаат редовен сексуален живот и кои имаат секс најмалку 2—3 пати неделно се изложени на помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести од мажите кои имаат секс еднаш месечно. А студиите меѓу жените покажуваат дека сексуалната возбуда може да го намали нивото на хормонот на стрес кортизол, кој пак влијае на здравјето на срцето.

Лек против болки

За време на сексот се ослободуваат големи количини од хормонот на среќата — ендорфин. Познат е и како природен лек против болки. Според една студија на Универзитетот во Минстер, Германија, луѓето кои водат редовен и пријатен сексуален живот имаат помала веројатност да имаат главоболки. Според истата студија, редовниот секс може да послужи и како превентива против главоболка и како „лек“ за лекување на веќе постоечките главоболки.

Намалување на ризикот од рак на простата

Со текот на годините, се повеќе и повеќе докази ја поврзуваат врската помеѓу ејакулацијата и помалите шанси за развој на рак на простата. Сепак, резултатите од големото истражување од 2016 година ги даваат најсилните аргументи досега. Од учесниците во студијата беше побарано да одговорат на прашања за тоа колку често ејакулирале, а начинот на кој тоа го правеле (без разлика дали за време на секс или мастурбација) не бил пријавен како фактор што влијае на резултатите. Студијата следела скоро 32.000 од овие мажи во текот на 18 години.

Како заклучок, истражувачите откриле дека момчињата кои го правеле тоа најчесто (во просек околу 21 пати месечно) имале околу 20% помали шанси да развијат рак на простата од оние кои го правеле тоа поретко (4 до 7 пати месечно).

Според истата студија, точниот број на ејакулации месечно не е суштински битно. Во основата на откритието е дека колку повеќе мажите ејакулираат за 1 месец, толку е помала веројатноста да развијат рак на простата.

Секс наместо физички вежби

Телесната тежина е составен дел од здравиот начин на живот. Одржувањето на тежината во нормални граници е добро не само за општото здравје на организмот (ментално и физичко) туку особено и за здравјето на коските и белите дробови.

Како и секоја друга физичка активност, така и сексот согорува калории. Сепак, колку е веројатно дека ќе ослабете преку секс?

Тоа секако зависи од вас и од зачестеноста со која сексот е присутен во вашето секојдневие. Да се најде време да се биде романтичен звучи лесно, но суровата реалност на се позабрзаниот начин на живот што го водат повеќето луѓе денес го прави малку потешко да се реализира.

Сепак, вреди да се напомене дека, за разлика од одењето во теретана, не мора да се оддалечувате од вашата спална соба — или друго место по личен избор — за да имате секс, а резултатот може да биде исто толку задоволувачки.

Подобрување на функцијата на мозокот

Активниот сексуален живот може да го направи вашиот мозок да работи подобро. Различни студии покажуваат дека сексот предизвикува мозокот да се префрли на поаналитички начин на обработка и размислување. А студиите спроведени врз различни животни сумираат дека сексот значително ги подобрува областите на мозокот кои помагаат во развојот и подобрувањето на меморијата.

Намалување на стресот

Нешто што веројатно сите го знаеме е дека сексот може да послужи како природен начин за ослободување од стресот. Студија од 2019 година го разгледува ефектот што го има интимноста со нашиот партнер врз нивото на кортизол што се ослободува во телото. Како што знаеме, кортизолот е таканаречениот „хормон на стресот“. Таквото негово име доаѓа од фактот дека неговите нивоа значително се зголемуваат по физички и емоционален стрес. Всушност, кортизолот е многу повеќе од показател за нивото на стрес во телото, исто така е многу важен за речиси сите функции на човечкото тело.

Според наодите од оваа студија, изразувањето на интимност, без разлика дали е сексуално или не, помага да се врати нивото на кортизол во нормала и кај жените и кај мажите.

За подобар сон

Според Американската фондација за спиење, сексуалната активност има хормонални придобивки и влијание дури и на сонот.

Тоа е затоа што оргазмот стимулира ослободување на хормон наречен пролактин, природен помошник за полесно заспивање. Пролактинот го поттикнува чувството на релаксација и поспаност. Ова е само една од причините зошто може да забележите дека полесно заспивате после секс.

Ја зголемува самодовербата

Покрај сите горенаведени придобивки од често практикуваниот секс, сексуалниот однос влијае и на целокупната емоционална состојба, што доведува до зголемена самодоверба. Студијата објавена во Social Psychology and Personality Science покажува дека меѓу студентите кои водат активен сексуален живот, тие известуваат за подобра физичка состојба, но и повисоки нивоа на лична самодоверба и самопочит во споредба со студентите кои немаат редовен сексуален контакт со партнер.

Додека сексот може да биде пријатна и исклучително здрава активност, важно е да се запамети дека незаштитен секс може да претставува ризик за целокупното здравје — и физичко и ментално.

Некористењето на соодветна заштитна за време на секс носи многу ризици од сексуално преносливи болести и инфекции и од непланирана бременост.

Ако, и покрај употребата на контрацептивни средства, се сомневате дека сте бремена, не губете време во грижи и нервози. Тестовите за бременост за употреба во домашни услови денес се 99,99% прецизни и може да се користат на првиот ден од задоцнувањето на циклусот. Користењето на сигурен тест за бременост не само што ќе ве спаси од непотребен стрес, туку и ќе ви помогне да ја донесете вистинската одлука за одреден момент од вашиот живот за да нема несакани ефекти во иднина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg