Совршената профилна фотографија може да ви го промени животот!
- Детали
- четврток, 30 јуни 2022
Изгледате одлично, но што ако ја пропуштите совршената можност само затоа што профилна слика на социјалните мрежи или апликациите за запознавање не е доволно инспиративна, обична е па и малку досадна. Токму таква слика е неприфатлива за професионалниот тренер за онлајн состаноци Alexis Germany (@thealexisgermany).
Таа редовно споделува корисни совети на TikTok и ги учи своите 67,000 следбеници, како да ги направат најдобрите профилни слики. Еве ги нејзините најважни совети и трикови кои лесно ќе ги имплементирате со некој од моделите од серијата Samsung Galaxy S22. Прочитајте го текстот, испланирајте и организирајте своја фотосесија и подгответе се за многу состаноци и дружења.
Биди тоа што си и не двоуми се да ја покажеш твојата единственост!
Обично мислиме дека „да останете верни на себе“ и „да се истакнете“ се две спротивни работи. Но, вистината е дека она што нè прави посебни и убави е токму уникатноста и единственоста која ја носиме во себе. Внимателно истакнете ги вашите најдобри квалитети и покажете ја најоригиналната верзија од себе. Алекси, вели дека е пожелно да се покажат интересите барем на една споделена фотографија, без разлика дали се работи за свирење гитара или подготовка на вкусно рижото. Кога станува збор за гардеробата, најдобро е да го носите она во што најдобро се чувствувате. Замолете ја вашата најдобра пријателка да ве фотографира и да направи слатки, природни слики. Малку повеќе магија на фотографијата нема да штети, па токму затоа обидете се да ја направите вашата совршена фотографија откако сонцето ќе зајде без да се грижите дали фотографијата ќе излезе матна или ќе делува неуредно Како? Новата, револуционерна функција наречена Nightography, која ја има целата серија Galaxy S22, овозможува како резултат на камерата што пропушта повеќе светлина, јасно да се доловат сите детали и бои и ноќе. Конечно, заради автентичност и уникатност, можете да постирате и кратко видео во кое ќе танцувате, свирите, готвите или едноставно уживате во која и да е вашата омилена активност.
Збогувајте се со старите и здодевни селфи фотографии
Кога станува збор за тоа како треба да изгледа едно селфи, Alexis е несомнено многу строга. Златните правила се следни: Бањата не служи за сликање! Нема сликање во огледало! И воопшто, воздржете се од правење селфи колку што можете повеќе. Сега кога го знаеме сето ова, ајде да видиме што да правиме во следнава ситуација: Замислете дека сте во најдоброто издание, осветлувањето е совршено, но нема кој да ве фотографира. Што сега? Не смее да се пропушти ваква можност без да направите барем една симпатична слика за профилот, нели? За среќа, и ако немате статив телефонот секогаш можете да го поставите на тврда површина и да го потпрете на ѕид, а бидејќи Galaxy S22 Ultra 5G има предна камера од дури 40 MP, загарантирани се одлични фотографии кои ќе ги воодушеват сите.
Повлечете надесно за да го подобрите квалитетот на фотографијата
Денес, сите носиме моќни фотоапарати во нашите џебови, така што е полесно од кога било да правиме квалитетни фотографии со висока резолуција. Alexis се согласува дека квалитетот е важен. „Дури и ако она што го напишавте на вашиот профил звучи феноменално, ако немате добра фотографија, нема да имате многу можности да го проширите вашиот социјален круг,“ вели таа. Затоа е многу важно сликите да не се заматени или слабо осветлени. Со задната широка камера од 108 MP на Galaxy S22 Ultra, како и камерата со широк агол од 50 MP на S22 и S22 +, секогаш ќе имате остри и јасни фотографии. Покрај овие, на располагање се уште две камери - ултра широка и телефото, кои исто така ќе ви помогнат вашиот профил да биде позабележлив, а бидејќи високиот квалитет е загарантиран со помош на висока резолуција, нема потреба од премногу уредување и шминкање со непотребни филтри.
Повеќе локации, повеќе разговори
Размислувајте за сликите на вашиот профил како приказна за раскажување, а таа приказна, преку вашите слики, треба да ги интригира и да го привлече вниманието на оние кои го гледаат профилот. Исто така, ако објавувате слики направени на различни локации, понатаму оставате отворени теми за разговор. Затоа, не двоумете се да објавите слика од незаборавен концерт или додека трчате или вежбате. „Фотографиите направени за време на дружење или разни настани можат да бидат вистински хит, бидејќи ќе покажат дека добро се забавувате, а тоа секогаш ги привлекува луѓето“, вели Alexis. Секако, не заборавајте да ги прилагодите сетинзите на камерата во зависност од тоа каде се наоѓате. Ако пешачите во текот на денот искористете ја природната светлина. Ако го фотографирате градот ноќе, ќе ви помогне сензорот со пиксели од 2,4 um - најголемиот сензор за пиксели на Samsung досега, како и технологијата Adaptive Pixel.
Има многу причини да купите нов телефон, а сега е време да донесете само една одлука – кој модел од S серијата ќе направи револуција на вашиот профил но и социјален живот.
Бидете први, нарачајте го вашиот омилен модел пред сите и остварете право на Galaxy Buds Pro. Промоцијата трае од 23.06 до 30.06 или до истекот на залихите.
За повеќе информации за споменатите модели, посети ги следните линкови: S22 и S22 + и S22 Ultra 5G.