„Technovation 2022“ - „Филип Морис“ како лидер во новите трендови

На конференцијата „Technovation 2022“ одржана во фасцинантната зелена зграда наречена „Cube“, која лежи на брегот на езерото Нојшател, „Филип Морис Интернешнл“ ги претстави најновите трендови во тутунската индустрија и својот фокус на транзицијата кон несогорливите производи.

technovation-2022-filip-moris-kako-lider-vo-novite-trendovi-01.jpg

Томазо ди Џовани, потпретседател за меѓународни комуникации беше првиот говорник на конференцијата. Г-дин Ди Џовани даде преглед на иновациите низ историјата на човештвото со посебен акцент на иновациите во тутунската индустрија.

„Иновациите доаѓаат со скептицизам, но штом се тука, се земаат здраво за готово. Џорџ Кејли ги воспоставил принципите на авијацијата во 1799 година, кои биле имплементирани многу подоцна. Нилс Болин го измислил безбедносниот појас во Волво во 1959 година, но тие на почетокот не биле сфатени сериозно, па станале задолжителни во државата Викторија во 1970 година. Сега тие се задолжителни речиси насекаде и се разбира, се земаат здраво за готово. Пред пронаоѓањето на фрижидерот на почетокот на 20 век, главната причина за смртта беше рак на желудникот, предизвикан од затруена храна. Денес мислиме дека фрижидерите отсекогаш биле тука“, истакна Ди Џовани.

technovation-2022-filip-moris-kako-lider-vo-novite-trendovi-02.jpg

Истото важи и за IQOS и другите производи кои се несогорливи за пушачите. Во 1997 година, Фокалната точка на ОН за „Тутун или Здравје“ имаше за цел да ја намали токсичноста на тутунот во иднина. Конечно, во 2016 година дојде време да се започне со пионерската мисија за замена на чадот од тутун со побезбедни алтернативи. „Филип Морис Интернешнл“ е единствената компанија која се обврза да го стори тоа. PMI има да понуди три совети:

1) ако не пушите, не почнувајте

2) ако пушите, откажете се

3) ако не се откажете, променете се.

technovation-2022-filip-moris-kako-lider-vo-novite-trendovi-03.jpg

Што се однесува до промените, 71 пазар + Русија и Украина сега се покриени сo производите без чад на „Филип Морис“. 12,7 милиони корисници (освен Русија и Украина) целосно се префрлија од обични цигари на овие подобри алтернативи. Денес, „Филип Морис“ има за цел да оди подалеку од тоа да биде тутунска компанија, туку компанија која се грижи за благосостојбата и здравјето. До 2025 година, компанијата има за цел да го достигне прагот од 40 милиони потрошувачи и да го зголеми профитот од производите без чад од сегашните 30% на 50%, покривајќи 100 пазари и генерирајќи 1 милијарда долари приход. Невладините организации, владите, здравствените системи и потрошувачите, сите тие можат да направат промената да се случи побрзо.

Жизел Бејкер, потпретседател на Global Scientific Engagement, нагласи дека никотинот не предизвикува болести, туку токсините во чадот од тутунот. Инспириран од фармацевтските практики и практиките на FDA, „Филип Морис“ има за цел да ги намали 18-те токсични честички во вдишувањето за 90 проценти. Health Canada наведува намалување од 95%, што е речиси еднакво на откажување од пушењето. Во 2016 година, продажбата на цигари почна да опаѓа, кога на пазарот беше лансиран IQOS и останатите производи.

technovation-2022-filip-moris-kako-lider-vo-novite-trendovi-04.jpg

Стефано Волпети, CCO и претседател на категоријата на производи без чад изјави дека мисијата на „Филип Морис“ е целосно да ги елиминира цигарите, но ова е напорна задача, бидејќи многу пушачи живеат во земјите со низок и среден приход. Oд 2,1 милијарди пушачи, 400 милиони се наоѓаат во земјите со ниски и средни приходи. Денес, 40% од продажбата доаѓа од земјите со низок и среден приход. Производите без чад на IQOS се лидери во продажбата во низата на несогорливи тутунски производи, додека „Филип Морис“ цврсто ја зазема позицијата брoj 1 во оваа низа и позицијата број 2 во продажбата на класични тутунски производи. „Филип Морис“ им предложи на пратениците да применуваат повисоки даноци за поштетните и отровните производи, додека помалку штетните производи да се оданочуваат помалку.

„Technovation 2022” заврши со практична демонстрација на производи без чад од семејството на „Филип Морис“, како што се орални никотински кеси, вапинг електронски уреди и технолошки производи што не го горат, туку го согоруваат тутунот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg