SoMo Bоrac оваа година ги наградува и најдобрите проекти за дигитални медиуми

Загреб, 27 јуни 2022 – SoMo Borac, платформата која оваа година го одбележува 10-тото доделување награди за најдобрите дигитални дела во регионот, ќе доделува нова награда – SoMo Media. Дигиталните издавачи можат да ги пријават своите дела во вкупно четири категории, а ќе бидат оценувани од 16-члено жири од целиот регион со богато искуство.  

somo-borac-ovaa-godina-gi-nagraduva-i-najdobrite-proekti-za-digitalni-mediumi-01.jpg

SoMo Media ќе ги награди оригиналните и креативните дигитални проекти со извонредни резултати во категориите: Digital Product of the Year, Best Storytelling, Digital Design of the Year и SoMo NATIVE.

„Во текот на десет години, SoMo Borac се претвори во најважната дигитална награда во регионот, поради што ни е особено драго што од оваа година и дигиталните издавачи ќе имаат можност да ги пријават нивните проекти. Собирањето на целата дигитална заедница во регионот е важно за напредокот на секторот бидејќи ни овозможува да учиме едни од други и да споделуваме искуства“, истакнува Јернеј Смисл, претседател на жирито на SoMo Media и маркетинг директор на VIDAA.

SoMo Borac станува платформа која го опфаќа целиот опсег на дигиталната индустрија во регионот, со спојување на експертите од секторот и прикажување на најдобрите примери од праксата на едно место.

Главната цел на платформата е споделување на знаењето и создавање заедница која придонесува во развојот и позиционирањето на струката во регионот и ги поврзува сите кои се занимаваат со дигитален маркетинг на домашен и меѓународен план.

somo-borac-ovaa-godina-gi-nagraduva-i-najdobrite-proekti-za-digitalni-mediumi-02.jpg

Членови на жирито за наградата SoMa Media се: Јернеј Смисл, VIDAA (претседател на жирито); Миран Павиќ, Telegram; Маја Блуменштајн, Nova TV; Стипе Грубишиќ, Hanza Media; Домагој Видовиќ, RTL Hrvatska; Иван Плеше, Index; Анте Франатовиќ, 24 sata; Иван Крстиќ, United Media; Даниел Фазлиќ, Bloomberg Adria; Анже Анчимер, RTV Slovenia; Павле Савовиќ, Telegraf; Петар Јевремовиќ, Wireless media; Надја Јокановиќ, WANNABE MAGAZINE; Игор Поповски, CRNOBELO.com; Марио Шимиќ, klix.ba и Суада Пештек, Radio Sarajevo.

Новостите за SoMo Borac можете да ги следите и на Фејсбук, Инстаграм, Линкдин и Јутјуб, како и со пријавување на SoMo Borac newsletter.

Повеќе детали за сите десет категории (SoMo Social, SoMo Content, DA – Digitalna Aktivacija, Digitalni Mix, SoMo Tech, SoMo Web, CM Godine, SoMoRitanac, SoMo Growth и SoMo Global) се наоѓаат на линкот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg