Новосадскиот вински пат ве повикува на уживање

Нови Сад е надалеку пропознатлив по срдечните луѓе, вкусната храна, богатата архитектура и историско наследство, но дали сте знаеле дека уште во првата половина на 18 век на неговата територија се наоѓале околу триста лозја? Денеска ова подрачје претставува пат на виното и секој љубител на „пијалокот на боговите“ треба да го посети.

novosadskiot-vinski-pat-ve-povikuva-na-uzhivanje-06.jpg

Новосадскиот пат на виното, eден од шесте посебно креирани вински патишта, ги опфаќа винариите кои се лоцирани од Сремска Каменица, преку Лединци, Раковац па се до Бегеч и Ковиљ. Tуристичката организација на Градот Нови Сад креираше посебна, истиомена брошура во која можете да ги дознаете приказните за осумте винарии од овој вински правец. Брошурата ни носи и предлози за туристички атракции кои треба да ги посетите кога би тргнале по овој пат, и накратко ги претставува другите пет вински патишта лоцирани ширум Фрушка гора и околината на Нови Сад.

Kога ќе тргнете на Новосадскиот вински пат, во Подрумот Шукац, во Сремска Каменица, можете да ја осетите традицијата долга скоро 170 години, која ја негува веќе шеста генерација од семејството Савиќ. Сортите на грозје на кои се заснова производството на повеќе пати наградуваните вина се составени од : италијански ризлинг, бел совињон, мерло, каберне совињон, франковка и мускат хамбург.

novosadskiot-vinski-pat-ve-povikuva-na-uzhivanje-08.jpg

По дегустација на виното и шетање по ова сремско место, патот не води кон населбата Лединци и Стари Лединци. Историјата на второспоменатата населба вели дека во 1942. година тоа било запалено, а потоа со децении подоцна се обновувало.

Во Лединци во Семејната винарија Антонијевиќ ќе се запознаете со фармерството чија организација се однесува на традицијата за одгледување на грозје и производство на вино веќе пет генерации. Ќе ве дочека единствена винска визба вкопана во земја 1963 година, чиј облик и намена се идентични и денес како и првиот ден.

novosadskiot-vinski-pat-ve-povikuva-na-uzhivanje-03.jpg

Вината од Подрумот Миљевиќ од Стари Лединци потекнуваат од лозјата од Врдник и тоа од следните сорти на грозје: мирисен траминец, црн бургундец и мускат хамбург. Семејството Миљевиќ покрај дегустација на вина, храна и сместување, нуди и организација на други содржини како што е шетање по Фрушка гора до атракциите кои се наоѓаат во непосредната близина.

novosadskiot-vinski-pat-ve-povikuva-na-uzhivanje-07.jpg

Последно место од сремската страна на Новосадскиот вински пат е Раковец со дури три винарии на кои треба да им се посвети внимание. Oва место, покрај бројните спомен обележја кои што носат историски преданија, нуди и природни убавини кои ги красат шумите од храст, бука и габер.

На семејството Тадиќ од Винаријата Salaxia многу им е важно во секоја голтка вино да ја осетите душата и срцето на винарот кој го направил. Kај нив се е подредено на хедонистичката убавина која му пркоси на секојдневието и минливоста. Поврзаноста на оваа винарија со Oрганската винарија Император се испреплетува како преку просторот за дегустација и преку ресторантскиот простор, така и со животната филозофија. Нивните вина настануваат со негување на грозјето, со рачно берење, и користење на технологија на подготовка на вино без хербициди, пестициди и индустриски квасци.

novosadskiot-vinski-pat-ve-povikuva-na-uzhivanje-09.jpg

Majсторијата за правење вино на Винаријата Думо, каде дури едно ипол стебло се става во едно шише вино, доведува до тоа да конзументите на нивните вина ги пијат дури третата година од бербата на грозјето. Првата година е резервирана за мирување на виното во буре, потоа следи селидба во шишиња и двегодишно чекање да се проба овој рајски пијалок.

novosadskiot-vinski-pat-ve-povikuva-na-uzhivanje-05.jpg

Дека ни бачката страна од Нови Сад не е имуна на правење на квалитетни вина, доказ се винариите чии седишта се наоѓаат во Бегеч и Ковиљ. Типични војводински уредени куќи ја осликуваат новосадската населба Бегеч, додека Ковиљ уште во средината на 18-ти век е поделен на Горен и Долен Ковиљ, па така на истата улица се наоѓаат две цркви.

Во 2016 година Сава и Нина Војновиќ со ќерките Тијана и Јелена ја основале Винаријата Војновиќ од Бегеч. Тие имаат долгогодишно искуство во гаење на лозје и производство на вино. Нивен заштитен знак се едра – како панонски, така и јадрански, а виното претставува баланс помеѓу младоста и искуството, но и новите технологии и традицијата.

novosadskiot-vinski-pat-ve-povikuva-na-uzhivanje-02.jpg

Винскиот подрум До крај на светот се наоѓа во Ковиљ, а лозјата на оваа винска куќа се сместени на подрачјето на Лесковец и Бујановец. Сопствениците на винаријата се водат со идејата дека основна цел е да се произведе квалитетно вино, а тоа се постигнува така што се користат предностите на поднебјето на кое се подигнати лозови насади, почитување на традицијата, производствениот процес и љубовта кон винарството.

novosadskiot-vinski-pat-ve-povikuva-na-uzhivanje-04.jpg

Секоја винарија од сите шест вински патишта поседува барем некоја награда за квалитет на виното, што само докажува дека вреди да ги посетите бидејќи претставуваат вистинско задоволство за сите сетила на тие што уживаат во чаша добро вино.

Туристичка организација на Градот Нови Сад

Фото: Александар Милутиновиќ

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg