Аплицирајте за сезонска работа во Грција, Охрид, Струга – кои се актуелни работни позиции?
- Детали
- вторник, 21 јуни 2022
Во потрага сте по сезонска работа во Грција, Охрид, Струга? Имате искуство во туризам и угостителство?
Имате уште неколку дена за аплицирање на неколку актуелни огласи од областа на хотелиерството во Охрид, Струга и Грција.
Ако барате работа на море за летната сезона и сте искусни со работа во кујна, Ресторан Бисера во Полихроно нуди можност за тројца помошници во кујна.
Хотел Лагадин во Охрид е во потрага по рецепционер. Доколку сакате летово да го поминете покрај нашето најубаво езеро, кликнете за да аплицирате тука.
Во потрага по хотелски персонал е и Хотел Изгрев во Струга. Отворени се позиции за готвач, слаткар, пица мајстор, келнер, бармен, собарка, хигиеничар.
Хотел Unique во Охрид вработува салатерка/садоперка. Препорачливо е претходно работно искуство.
Во Скопје, останати се две отворени позиции за рецепционери:
Хотел Канет во Градскиот парк во Скопје е во потрага по сезонски работник на позиција рецепционер за летниот период. Почетната плата е 18.000 денари.
Хотелот со 4 ѕвезди во Микеи Хантинг клубот има потреба од рецепционер со работно искуство.