Стартуваше премиерата на ракометниот камп „40х20“, организацијата на многу високо ниво

Вчера на прекрасниот брег на Охридското езеро стартуваше премиерното издание на ракометниот камп „40х20“ со учесници од Македонија, Шведска и Босна и Хереговина. Кампот е предвидено да трае до 24 Јуни, а на истиот ќе работат најдобрите македонски тренери со Мастер коуч лиценци, тренери на екипи од суперлигата и тренери кои се во изминатиот период се специјализирале за работа со млади категории.

startuvashe-premierata-na-rakometniot-kamp-40h20-organizacijata-na-mnogu-visoko-nivo-01.jpg

По пристигнувањето во комплексот на Хотел „Аквалина“ во Охрид, камперите заедно со тренерите и логистиката на настанот ги поминаат стандардните процедури на делење на опрема, распоредување по соби и состанок за презенатција на програмата на кампот, но и правилата на однесување на истиот.

„Како организатори презадоволни сме од она што го направивме пред стартот на ракометниот камп „40х20“, но и од стартот на истиот. Најважно за нас, вчера во попладневните часови безбедно допатуваа сите наши кампери со организиран превоз од неколку градови низ Македонија, но и од Босна и Херцеговина и Шведска. Програмата направена според возраст и ракометно искуство е претходно подготвена и од синоќа се спроведува во најдобар ред. Самиот настан, како што и најавивме, со индивидуални тренинзи го стартуваа нашите еминентни тренери, Никола Матлиески и Кристијан Грчески кои работеа со највозрасната група кампери, додека Благојче Весиќ и Дејан Коцарески веднаш потоа го одржаа првиот тренинг со генерација 2008/09.

Тренерите од проектот „Ракомет за секое дете“, Златко Стојковски, Јаковче Матлиески, Ивана Ракиќ и Никола Василев ги одржаа премиерните тренинзи со најмалите групи на кампот. Предвидено е од утре да стартуваат предавањата за здрав начин на живот и здрава исхрана, спортска психологија, гостувања на поранешните репрезентативци и тренери, Александар Јовиќ и Раде Стојановиќ, неколку актуелни репрезенативци, предвидено е да имаме ден на кајкот каде во текот на целиот ден нашите кампери ќе се запознаваат со тајните ка кајкарството, ќе уживаат во убавините на езерото. Вообичаена пракса за нашите кампери е по напорниот тренинг, да се оди на групно освежување во прекрасниот базен на плажата пред хотелот, под надзор на нашите тренери“. – Горан Ѓоргоноски, менаџер на „КМГ Спрорт“, организаторот на ракометниот камп „40х20“.

startuvashe-premierata-na-rakometniot-kamp-40h20-organizacijata-na-mnogu-visoko-nivo-02.jpg

Иако е прво издание на кампот, имајќи го предвид искуството на агенцијата „КМГ Спорт“ во организација на ваков тип на настани, кампот е поставен на едно многу високо ниво и во иднина се очекува покрај децата на Македонија, како кампери да се појават и многу други кампери од опкружувањето, западна Европа и Скандинавија.

Се гледаме во Охрид!

Ракометен камп „40х20“

startuvashe-premierata-na-rakometniot-kamp-40h20-organizacijata-na-mnogu-visoko-nivo-03.jpg

startuvashe-premierata-na-rakometniot-kamp-40h20-organizacijata-na-mnogu-visoko-nivo-04.jpg

startuvashe-premierata-na-rakometniot-kamp-40h20-organizacijata-na-mnogu-visoko-nivo-05.jpg

startuvashe-premierata-na-rakometniot-kamp-40h20-organizacijata-na-mnogu-visoko-nivo-06.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg