Виталиа е единствениот производител за здрава храна со оцена А на престижниот BRC сертификат за квалитет

Кога велиме дека сакаме „квалитетна храна“, најчесто мислиме на нешто што ќе не’ засити и наполни со енергија, а истовремено ќе биде доволно вкусно за да сакаме да го јадеме повторно. А сепак, во прехранбената индустрија постојат сосем различни очекувања и дефиниции на што е тоа „квалитетна храна“, која доаѓа од квалитетни производители.

vitalia-e-edinstveniot-proizvoditel-za-zdrava-hrana-so-ocena-a-na-prestizhniot-brc-sertifikat-za-kvalitet-01.jpg

Глобалните стандарди за квалитет постојат за да гарантираат дека одредени производители или добавувачи се придржуваат до претходно поставените критериуми, со кои се обезбедува квалитетот на производот. Македонската компанија за здрава храна Виталиа веќе со години ги исполнува дури и највисоките светски стандарди за квалитет, за што се доказ и повеќето награди, сертификати и признанија кои ги добива.

Истовремено, Виталиа е првата компанија за производство на здрава храна во Македонија која го има добиено престижниот сертификат BRC.

BRC сертификатот го поседуваат само одговорни компании, кои се придржуваат кон високите, интернационални стандарди предвидени од Британскиот конзорциум за малопродажба, како што се глобалните корпорации Tesco и Walmart.

Со цел да се усогласат со овие стандарди, компаниите кои работат во секторот за храна (производители) мора да исполнат повеќе критериуми во процесот на производство. Овие критериуми вклучуваат: HACCP анализа на опасностите и систем за управување со критични контролни точки, процедури за заштита на животната средина и околината, утврдување на влијанието на околината врз процесот на производство, процес на контрола и компетентност на персоналот, имплементирање стандарди за хигиена на процесот и вработените, контрола на добавувачите на суровини, контрола на пакување и означување согласно законските прописи во и надвор од Македонија, заштита од контаминација на продуктот, редовно одржување на опремата за работа...

vitalia-e-edinstveniot-proizvoditel-za-zdrava-hrana-so-ocena-a-na-prestizhniot-brc-sertifikat-za-kvalitet-02.jpg

При оценувањето на Виталиа, BRC ѝ ја додели високата оцена „А“ која гарантира дека компанијата го „поминува тестот“ по сите предвидени критериуми.

BRC е еден од двата „клучни“ стандарди кои се одобрени од Глобалната иницијатива за безбедност на храната (GFSI), покрај стандардот IFS (International Food Standard), кој практично се смета за негов еквивалент. Двата стандарди ја гарантираат безбедноста и квалитетот на производот во прехрамбената индустрија. Со добивањето на сертификатот BRC и IFS, производителот дава до знаење дека поседува високо ниво на компетентност за следење и постојано подобрување на квалитетот и безбедноста на производот и дека ги презел сите можни мерки на претпазливост за да спречи проблеми доколку квалитетот и безбедноста некогаш бидат предизвикани.

Виталиа е истовремено единствената компанија – производител на здрава храна во Македонија која веќе со години успешно ги има двата сертификата BRC и IFS, основа за градење на доверба кај клиентите и потрошувачите. Како резултат на тоа, компанијата во континуитет бележи успешен раст на извозот преку освојување на нови клиенти ширум светот.

vitalia-e-edinstveniot-proizvoditel-za-zdrava-hrana-so-ocena-a-na-prestizhniot-brc-sertifikat-za-kvalitet-03.jpg

Квалитетот на крајниот производ е важен, но задржувањето на квалитетот во текот на целиот производен процес е она што ги одвојува вистински одговорните производители од „останатите“. Барањата на модерниот потрошувач се поистенчени од било кога – и тоа е факт! Сега не е доволно само производот да е вкусен и убаво спакуван, туку потрошувачот има потреба да биде информиран и за состојките, производниот процес и за одговорните (или неодговорни) практики на компанијата-производител. Во години кога исклучително голем фокус се става на грижата за животната средина, за здравјето и за општествената одговорност – тие едноставно не можат да се одвојат од самиот производ.

Токму од оваа причина, глобалните стандарди за квалитет и сертификатите кои произлегуваат од нив се потребни за да се постави „почетна точка“, но и цел, односно крајна точка за статусот на производот.

Македонската компанија Виталиа се придржува до својата заложба да произведува безбедни производи, по светски стандарди. Така, се заштитуваат потрошувачите, преку поставување на повисоки очекувања од целата индустрија.

Дознајте повеќе за Виталиа ТУКА

vitalia-e-edinstveniot-proizvoditel-za-zdrava-hrana-so-ocena-a-na-prestizhniot-brc-sertifikat-za-kvalitet-04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg