Кои се разликите помеѓу уредите за загревање на тутунот и електронските цигари?

Во последно време се повеќе се зборува за помалку штетните алтернативи на цигарите, но она што се чини дека недостасува е детално објасување кои се разликите помеѓу овие уреди.

koi-se-razlikite-pomegju-uredite-za-zagrevanje-na-tutunot-i-elektronskite-cigari.jpg

Иако научно докажаните алтернативи се секогаш подобар избор отколку да продолжите да пушите цигари, постојат разлики меѓу нив кои се значајни и корисни да се знаат.

Најголемата дилема ја создава неразликувањето на електронските цигари од уредите кои го загреваат тутунот. Иако двата уреда се електронски и претставуваат алтернатива без чад за возрасните пушачи, сепак има неколку клучни разлики за кои треба да бидете свесни при изборот.

Што се е-цигари или електронски цигари?

Електронските цигари се еден вид алтернатива на пушењето. Достапни се во различни големини и се прилагодливи според потребите на корисниците. Тие можат да бидат за еднократна или за повеќекратна употреба. Работат на принцип на загревање на течност, која е достапна во разни вкусови, со или без никотин, а при употреба создава аеросол, односно пареа.

Што се уреди за загревање на тутунот?

Како што сугерира името, уредите што го загреваат тутунот функционираат на принцип на загревање, а не на согорување на вистинскиот тутун, со што се елиминираат до 95 проценти од штетните материи кои се наоѓаат во чадот од тутунот. Општо познато е дека чадот од тутунот содржи повеќе од шест илјади штетни материи, од кои околу 100 се класифицирани како канцерогени. Покрај тоа, елиминацијата на согорувањето целосно го елиминира формирањето на катран - супстанца која е еден од најштетните продукти на согорувањето. Со користење на овие уреди, тутунот се загрева до контролирана температура, при што се ослободува вистинскиот вкус на тутунот и никотинот, но без согорување, пепел и чад.

Заеднички карактеристики

Главната карактеристика што ги одликува овие два вида алтернативи без чад е тоа што ниту една од нив не произведува пепел и чад, но и фактот дека и двете алтернативи се подобри опции за возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да користат цигари. Сепак, треба да се има предвид дека ниту еден тутунски или никотински производ не е без ризик.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg