Јади нудли за долговечност, dumplings за среќа - Кинески традиции од срцето на Скопје
- Детали
- четврток, 16 јуни 2022
Во кинеската култура, храната игра толку значајна улога, што е речиси главна тема во секој разговор. Дури и кога ќе се сретнат, Кинезите наместо „Здраво, како си?“ ја користат фразата „Дали јадеше денес?“ или 你吃了吗 - ни чи ле ма?
Кај нас, веќе 18 години традициите поврзани со храната од Кина ги негува Кинескиот ресторан Sвезден Океан.
Името на ресторанот повторно крие приказна која ретко кој ја знае – Ѕвезден океан или Shinhai е името на сопственикот. Shin има значење „ѕвезда“, додека Hai значи „океан“.
Воедно Shinhai е и автор на целосното мени во ресторанот, па храната тука нема да ја сретнете на друго место низ светот. Од свои 14 години Shinhai посетува школа за готвење, а на свои 20 години доаѓа во Македонија и го отвора првиот кинески ресторан на овие простори.
Тешко е и речиси невозможно да се дефинира традиционалната кинеска кујна, бидејќи Кина е огромна земја, дом на 56 националности, и секоја од нив има свои посебни кулинарски традиции и рецепти.
Ако мора да сумираме, постојат два главни географски реони: север и југ. Главната разлика е во тоа што на север, храната се состои од тестенини и пелмени – пржени, варени, варени на пареа и бесквасен леб – манту. На север, исто така храната е посолена, подебела и похранлива. Таква е и храната која се сервира во нашиот кинески ресторан.
Од самото постоење до денес, сите специјалитети во ресторанот се припремаат од професионални готвачи од северниот дел на Кина, кои тековно ги носат трендовите од кинеската кујна до Македонија.
Моментален новитет се нудлсите прелиени со нови сосеви, кои не се само соја, а се наоѓаат за првпат на менито. Сосевите се претежно увезени од Кина, при што со нивно соодветно мешање, се создаваат необични, автентични вкусови кои не може да се пробаат на друго место.
Уште една „тајна“ на вкусната кинеска храна е сечкањето на состојките на ситни парченца, поради полесно варење на истата, брзо заситување, но и побрзо огладнување. Колку и да е голема, обилна и преполнета порцијата кинеска храна, никогаш нема да се пожалите дека ви е тешко.
Припремата на храната е посебен процес кој не е вообичаен за овие простори, па затоа машините се увезени директно од Кина. Со нивната помош, храната се пржи на екстремно висока температура, до 500 степени, при што времето на пржење е сведено на 10-тина секунди. Така се задржува свежината во внатрешноста, а крцкавоста на надворешноста од состојките.
Фактот кој сигурно не сте го знаеле, а со задоволство ќе го раскажувате, е дека нудлите се симбол на долговечност. Заедно со апетисаните, односно сосот од кикирики, во кинеската кујна се декларирани како кралска храна и се верува дека колку повеќе ги консумираш, толку подолго ќе живееш.
Кој би рекол дека патот до долговечноста е толку вкусен и се јаде со стапчиња?
Пелмените пак, или попознати како dumplings, се традиционално јадење за Нова година и постои верување дека носат берикет и среќа, па колку повеќе изедеш – толку посреќна година ќе имаш. Оризот од друга страна, во кинеската кујна го симболизира духот на солидарноста на боговите кон луѓето, односно е подарок од боговите за луѓето.
Секое парче храна во кинеската кујна и култура има своја приказна, а ние го имаме луксузот да ја пробаме во автентичната атмосфера на Ѕвезден Океан или во удобноста на домот, со само еден клик.