Birra Moretti пристигна во Македонија!
- Детали
- среда, 15 јуни 2022
Омиленото италијанско пиво отсега е достапно и кај нас!
Пивара Скопје го најави пристигнувањето на најновиот бренд во своето портфолио – Birra Moretti. Креирано според традиционална италијанска рецептура, Birra Moretti со препознатлив вкус, непроменет од далечната 1859 година, гарантира вистинско уживање за сите љубители на италијанската „долче вита“.
Birra Moretti е светло бистро пиво, произведено од врвни состојки и посебна комбинација на висококвалитетен хмељ кој создава идеален, горчлив вкус. Со долга традиција на препознатлив квалитет, Birra Moretti денес се ужива во повеќе од 55 земји ширум светот.
Овошните ноти и умерено горчливиот вкус се создадени со цел да ја надополнуваат секоја трпеза, без разлика дали станува збор за морски плодови, паста или зачинети специјалитети.
Birra Moretti е пиво за оние кои вистински знаат да уживаат во малите, секојдневни нешта.
Ги слави спонтаноста, слободниот, италијански дух и пред сѐ, малите животни задоволства.
Откријте едно сосема ново задоволство со Birra Moretti!
Отсега достапно во маркетите најблиску до вас.