Создадете успешна кариера во секторот на Бизнис аналитика
- Детали
- вторник, 14 јуни 2022
Денес, бизнисите работат во многу сложена средина и континуирано собираат големи количини информации и податоци за нивното работење.
Донесувањето правилни деловни одлуки и користењето на овие информации на смислен начин, се некои од секојдневните предизвици на денешните бизниси.
Програмата за магистерските студии по Деловна аналитика и носење одлуки на Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ во Солун нудат единствен увид во тековните деловни можности, предизвици и случувања во областа на деловната анализа, управување со големи податоци и носење бизнис одлуки.
Програмата ги обучува студентите на многу бараните аналитички вештини, ги подготвува да ги решат предизвикувачките и сложени деловни проблеми и да донесат оптимизирани одлуки во ситуации предизвикани од голема количина податоци. Дополнително, по успешното завршување на изучениот дел од програмата, студентите имаат можност да продолжат со стажирање, овозможувајќи им да стекнат практични вештини во вистинско деловно опкружување.
Предавањата за оваа програма се одвиваат за време на викендите на СИТИ Колеџ во Солун и онлајн. Дипломирани магистранти по Деловна аналитика и носење одлуки можат да градат кариера како консултанти, аналитичари за моделирање одлуки или податоци, како членови на технички/ аналитички тимови кои го поддржуваат донесувањето одлуки на средно и високо раководно ниво во различни по големина компании кои работат во секаков сектор. Дополнително, СИТИ Колеџ, Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк нуди широк спектар магистерски програми во различни дисциплини, вклучувајќи Дигитален маркетинг и социјални медиуми, Менаџмент, Финансии, Невромаркетинг, Човечки ресурси, Меѓународни односи и многу повеќе.
Дипломираните студенти добиваат диплома од еден од најдобрите светски високообразовни центри, Универзитетот Јорк, водечка британска академска институција со инспиративна настава и опширна истражувачка програма. Универзитетот Јорк е на 151 место во светот, според QS рангирањето на универзитетите за 2022 година.