Мајорел е твоето место за кариерен старт и раст
- Детали
- понеделник, 13 јуни 2022
Скопје, 13.06.2022 – Покрај пазарната и економска неизвесност, професионалното (не)искуство, секогаш постојат можности преку кои можеш да учиш, да напредуваш, да се подобруваш и да го градиш својот кариерен пат, бидејќи освен квалитетот и знаењето, компаниите кои знаат да го вреднуваат вработениот, го препознаваат и потенцијалот, сѐ со цел да се даде шанса на секого.
Една од нив е Majorel, интернационална компанија, која со години континуирано расте, а во моментов брои над 69 000 вработени, во повеќе од 35 држави, меѓу кои и Македонија. Мајорел има цел да создаде подобра деловна средина со обезбедување највисок квалитет во областа на корисничка поддршка за своите клиенти. Мајорел развива дигитални решенија и кориснички услуги со кои им помага на клиентите да изградат корисничка доверба и ги реализираат своите ветувања кон сите засегнати страни. Притоа, игра клучна улога во создавањето подобра деловна средина за луѓето, клиентите и заедниците.
Во Мајорел ќе стекнеш вештини за решавање на проблеми, креативно размислување и активно слушање, ќе имаш можност да се запознаеш со различни култури од целиот свет, ќе преговараш на различни теми и ќе изнајдеш сопствени решенија за предизвиците со кои се соочуваат корисниците на бизнис услугите. Ќе стекнеш кредибилитет како млада личност, преку храброст, знаење да зборуваш во свое име и во име на оние кои ги застапуваш, а сето тоа со одговорност, упорност и посветеност во работата. Ова е можеби најважната порака за младите кои штотуку ја започнуваат својата професионална кариера.
Успехот на компанијата се постигнува со амбициозен и мотивиран тим, без разлика од нивото на професионално искуство. Затоа Мајорел вработува кандидати со или без работно искуство. Негува компаниска култура на можности, за да ги развие, задржи и награди луѓето со потенцијал кои создаваат пријатна и стимулирачка работна средина која ќе ги инспирира вработените во секојдневната работа. Грижа за луѓето, долгорочна перспектива, иновации, лична одговорност и победнички менталитет се вредностите кои се промовираат и кои се основата на извонредноста и професионалниот напредок.
Односите спрема вработените се засноваат на почитување на човековите и работничките права, обука и образование, можности за личен и професионален развој и унапредување во компанијата.
Кога станува збор за вработување, она што ја прави оваа компанија посебна е фактот дека нуди еднакви можности за сите кандидати, почитување и поддршка на различностите и инклузивна средина за сите.
Бидејќи подобар деловен свет е оној во кој економскиот раст е одржлив и сеопфатен, Мајорел постојано работат на подобрување на квалитетот на услугите, инвестирајќи во своите вработени и иновациите.
Доколку јазиците ти се јака страна, со енергија и имагинација никогаш нема да бидеш ограничен до каде можеш да одиш во твојата кариера со Мајорел.
Како што растеш и се развиваш, нека Мајорел биде твоја следна етапа во која ќе ги откриеш алатките, културата и можностите кои ќе ти помогнат да го персонализираш твоето патување во кариерата.
Аплицирај тука!