Во еко-иницијативата на Телеком и корисниците собрани над 4000 стари електронски уреди

vo-eko-inicijativata-na-telekom-i-korisnicite-sobrani-nad-4000-stari-elektronski-uredi-01.jpg

  • За секој вратен електронски уред, компанијата ќе засади дрвца во регионите погодени од пожарите

Во еко-иницијативата на Македонски Телеком „Заедно за заштита на животната средина“ којашто почна во март годинава, собрани се над 4000 стари електронски уреди коишто соодветно ќе се рециклираат во партнерство со Нула Отпад.

Оваа акција, која сѐ уште трае, ќе придонесе за намалување на електронскиот отпад, но и за обнова на зелените површини. За секој вратен електронски уред во која било продавница на Телеком, компанијата ќе засади дрвца во регионите погодени од ланските пожари. Наесен, кога временските услови ќе бидат погодни, ќе бидат засадени 4000 или повеќе дрвца, во зависност од бројот на собрани електронски уреди.

Целта на иницијативата е заедничко делување со корисниците за заштита на животната средина – намалување на штетните влијанија и обнова на природните ресурси.

Оваа заложба е дел од глобалната иницијатива на Дојче Телеком #GreenMagenta којашто се спроведува во 10 земји во Европа. Целта е со заеднички сили да собереме и рециклираме 1 милион стари електронски уреди до 2024 година.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg