8 причини зошто EXIT фестивалот во Нови Сад е уникатно искуство и оваа година (и треба да го доживеете)
- Детали
- четврток, 09 јуни 2022
Атмосферата е магична и го вади најдоброто од вас, ќе пеете и танцувате до зори пред некои од најпознатите светски естрадни уметници, ќе запознаете луѓе од целиот свет и ќе се вратите полни со енергија и искуства вредни да ги носите врежани во спомените за цел живот – 8 причини зошто да го посетите EXIT фестивал овој јули + програма за 2022.
фото: EXIT Promo
Повеќекратниот победник, ЕXIT Фестивал, оваа (2022) година ќе се одржи од 7-10 јули на добропознатата локација, Петроварадинска тврдина во Нови Сад.
Историскиот настан, како што многу светски медиумски куќи го нарекуваат фестивалот, оваа година се враќа со силна постава, со што ќе придонесе за возбудата да биде уште поголема.
На овогодишното издание, на фестивалот ќе настапат маестрални имиња од музичката естрада, како Calvin Harris, Iggy Azalea, Afrojack, James Arthur, Nick Cave & The Bad Seeds, но и многу други артисти од светската и домашната сцена, меѓу кои ќе се најде и Констракта, претставничката на Србија на Евровизија 2022.
Во четврток, на 7-ми јули, на главната сцена ќе пристигне повеќекратно наградуваната австралиска поп-дива, Iggy Azalea, ценетиот диџеј и продуцент Afrojack, хитмејкерот Jax Jones и многу други.
фото: EXIT Promo
На 8 јули, втората фестивалска вечер ќе ја предводи неуништивиот рок проповедник Nick Cave со својата група The Bad Seeds, а ќе настапат и многу други артисти.
фото: EXIT Promo
Третата фестивалска вечер е резервирана за најуспешниот хитмејкер на сите времиња, Calvin Harris, кој ќе ја подигне атмосферата со радиските химни како „Summer”, „How Deep Is Your Love”, „This Is What You Came For”, а ќе му се придружат и техно изведувачот Boris Brejcha, италијанското дуо Mathame и други.
фото: EXIT Promo
Во недела, на 10-ти јуни, ќе настапи James Arthur, победникот на британскиот X-Factor и кантавтор на најубавите балади, а публиката ќе има шанса да ја слушне и Констракта, овогодишната српска претставничка на Евровизија 2022.
Целосната програма погледнете ја во продолжение:
фото: EXIT Promo
На магична локација, со мешавина од музички жанрови и нивните водечки претставници, светски познатата mts Dance Arena, безброј бини и зони, фестивалска вибрација која го прегрнува цел Нови Сад и Србија, повеќекратно наградуваниот фестивал, по 22-ри пат ќе го разбуди кај публиката чувството на заедништво и припаѓање на магичното EXIT племе.
Ако ова не ви е доволно, во продолжение погледнете уште неколку причини зошто EXIT фестивалот треба да се најде на вашата листа со искуства кои сте ги доживеале во животот.
Оваа година треба да го посетите EXIT затоа што:
1. На сите ни е доста од рестрикции и дистанцирање, потребно ни е да бидеме сплотени и расположени „Заедно. Засекогаш“, како што гласи овогодишниот слоган.
2. Атмосферата е магична и го вади најдоброто од вас – бескрајна забава со друштвото, пеење и танцување до зори се загарантирани, владее силна енергија помеѓу луѓето, сите се поврзани и опуштени додека слушаат добра музика, а ќе бидете преплавени од чувство на слобода и среќа.
фото: EXIT Promo
3. Нуди одлична можност да запознаете огромен број луѓе од целиот свет – сите се расположени за дружба, комуникативни и со позитивна вибрација.
фото: EXIT Promo
4. Музиката ќе ве одведе во друга димензија, ќе ги видите најпознатите артисти во светот во живо и ќе имате незаборавна забава, независно каков жанр на музика слушате – една од сцените секогаш ќе ви се погоди.
фото: EXIT Promo
5. Вреди да се искуси спиење и будење под отворено небо во EXIT кампот, поставен на познатата плажа во Нови Сад, Штранд.
6. Дочекувањето на изгрејсонцето е посебно доживување – постои непишано правило дека не смеете да си заминете од фестивалот пред да изгрее сонцето, а нема да се покаете.
фото: EXIT Promo
7. Ќе создадете незаборавни спомени кои со задоволство ќе ги носите со себе цел живот, ќе се заљубите одново во животот, во луѓето, во музиката, во енергијата која што се шири и ќе научите да живеете за моментот.
8. Ќе излезете од монотонијата на секојдневието и ќе ја разбудите потребата за забава и возбуда, а ќе се вратите полни со енергија и подговени за нови авантури.
фото: EXIT Promo
Во продажба се четиридневни внезници, по цена од 3.950 денари, со заштеда од 50%.
Цените за регуларни еднодневни дневници за четврток (7-ми јули), сабота (9-ти јули) и недела (10-ти јули) се 1.800 денари, а за петок (8-ми јули) изнесуваат 1.950 денари.
Фан пит влезниците за петок (8-ми јули), се достапни по цена од 2.550 денари, додека пак, ВИП влезниците изнесуваат 6.550 денари.