Година на роденден! Why Agency веќе шеста година зборува на креативен јазик!

Приказната започна пред 6 години, спојувајќи ги двајцата сопственици на Why Agency, Рилинд и Ермал, за да ја создадат креативната агенција Why Creative. Под слоганот „Let us show you why“, одговорија на сите предизвици, побарувања и стратешки ја позиционираа агенцијата во маркетинг-агенција со целосна услуга што веќе шеста година на пазарот го отсликува вистинскиот пристап за креативен израз и партнерски однос со клиентите.

godina-na-rodenden-why-agency-vekje-shesta-godina-zboruva-na-kreativen-jazik-01.jpg

Започнувајќи како старт-ап компанија, сега веќе во својот тим брои 10 вработени и низа суперзадоволни клиенти од сите индустрии. Од особена важност за успехот на Why се резултатите и добриот збор што го имаат клиентите во поглед на прецизноста, експертизата и навременоста. Брзината е силна страна на Why, а комуникацијата со клиентите е секојпат со најфрендли тон, во кој не постои „не може“ како одговор.

„Од моментот на создавањето на Why, па сè до оваа шеста година, работата во секторот за маркетинг се промени како ситуацијата со глобалното затоплување. Спремноста на клиентите сè повеќе се разгорува со барањата, а нашата креативна фурна испорачува најнови и свежи идејни решенија во најбрз можен рок, кои се засновани врз одлични резултати и долгогодишни соработки. Од особена важност за нас е тоа што станавме стабилна компанија што создаде свое креативно гнездо и нови канцелариски простории што ќе придонесат за уште поголем комфор и услови за нашиот тим. Успехот на агенцијата го должиме на нашиот верен тим, вербата на нашите клиенти и умешноста да се справиме дури и со 2 и пол пандемски години. Why ќе продолжи да го дава одговорот на сите прашања за маркетинг и ќе работи на воведување иновативни дигитални приспособувања“, вели Рилинд Хоџа, партнер и управител на Why Agency.

Why Agency бележи прогрес во индустријата за маркетинг од 45 % во поглед на зголемената бројност на клиенти со долгогодишни соработки и 25 % во поглед на еднократните соработки. Во новото поглавје на Why, на својата листа на клиенти ги вбројуваат: кралот на бургерите – Burger King, најбараниот и најпосакуваниот автомобилски бренд во Македонија – Kia Motors Macedonia, најурбаниот комплекс за домување од затворен карактер за кој наголемо се зборува и е побаруван – East Gate Living и единствениот агрегат за чист воздух и авантури на отворено на 96 км од нивните канцеларии – Resort Mavrovo. Ова е само дел од листата на клиенти со кои моментално работи Why Agency, а за прогресот и листингот на клиенти многу повеќе говори последното recap видео.

godina-na-rodenden-why-agency-vekje-shesta-godina-zboruva-na-kreativen-jazik-02.jpg

На страна на професионалниот пристап, Why Agency го презентира својот урбан и забавен карактер преку своите социјални медиуми, особено со видливоста на видеата на TikTok.

„Креативниот тим се погрижи во изминатата година да испорача над 10 000 објави за нашите клиенти и повеќе од 30 кампањи. Па сметам дека време беше нашиот слободен стил на говорење да го пренесеме преку социјалните платформи. Ова е момент за нас, како агенција, да ја прикажеме и другата страна, целосното познавање на новите трендови што ги носи дигиталниот свет и приспособувањата на креативите. Впрочем, трендот на присутност на социјалните медиуми е во пораст, па сите сè повеќе се достапни на своите мобилни уреди и спремни во ’selfie mode‘“, вели Ермал Криезиу, партнер и креативен директор на Why Agency.

Визијата на Why Agency e да прерасне во водечка маркетинг-агенција на пазарот и пошироко што ќе размислува дигитално, ќе твори оригинално и ќе го има најдобриот тим.

„Во нашата комуна Why на различни карактери и тимски играчи примарно е да има достапно еспресо, добра енергија и меѓусебна поддршка кога се работи. Впрочем, работата во маркетинг-агенција не треба да биде стерилна средина во која владее тензија, напротив, во Why се работи според златното правило – ние сме мало семејство што заедно му пристапува на секој предизвик и проблем, па исходот и успесите ги славиме сите. Затоа овие 3 години од работењето во Why се моите златни години во работната кариера, бидејќи имам тим на кој можам да сметам во секое време и клиенти што имаат сигурност во комуникацијата со нас!“ вели Сандра Спирова, тимски менаџер и менаџер со клиенти во Why Agency.

Овој шести роденден Why го посветува на своите вработени, кои успешно работат во градењето на културата, единството и тимскиот дух, со кои напредокот на компанијата е во нагорна линија и цели кон проширување на тимската спремност за новите следни предизвици.

Cheers Why!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg