Љубовта кон високата естетика се гради уште од млади нозе - „Божиновски часовници и накит“ со поддршка на настанот „Креативен ден - ТД&Б Мода“
- Детали
- среда, 08 јуни 2022
Љубовта кон добриот стил, високата естетика и модата се градат уште од млади нозе. Колку повеќе младите се изложени на креативност, толку повеќе во иднина ќе расте нивото на визуелна култура во целата земја.
Токму од тие причини „Божиновски часовници и накит“ годинава го поддрша настанот „Креативен ден – ТД&B Мода“, на кој познати битолчани и битолчанки носеа креации изработени од страна на средношколците од кожарско-текстилната струка во СОУ „Таки Даскалот“ – Битола. Креациите беа дополнително украсени со безвременски парчиња накит од Calvin Klein чиј застапник е Божиновски.
„Од особена важност е да се поддржуваат вакви иницијативи и настани, бидејќи преку нив младите кои се на животна крстосница, добиваат можност да бидат забележани, но и поддржани од страна на битолскиот еснаф. Ваквите настани се еден вид на искра надеж во креирањето на визијата за тоа во каква Битола сакаме да живееме. Битола во која младите можат да се изразат и да творат, Битола во која еснафот е тука да ги поддржи младите и на крај Битола во која младите би сакале да останат да живеат и да бидат свои“, велат од Божиновски часовници и накит.
Токму од тие причини како што објаснуваат од „Божиновски часовници и накит“ изминатиов период активно се посветени во формирањето фондацијата „Божиновски“ чија цел е ваквите ицијативи во целата земја да се стават под една капа, со цел да се постигне уште поголем импакт во општеството и да се поттикнат посакуваните промени.
„Затоа што креативноста е таа која што не ослободува“, потенцираат од „Божиновски часовници и накит“.
Повеќе фотографии од настанот: