Сашко Коцев, Драган Бјелогрлиќ, Кирил Спасески и Бранко Петровски добитници на наградите „Златна рамка“

Одбележувајќи го четвртотото издание на манифестацијата „Златна рамка“, Друштвото на филмски работници на Македонија ќе ги додели традиционалните почесни награди „Златна рамка“.

sashko-kocev-dragan-bjelogrlikj-kiril-spaseski-i-branko-petrovski-dobitnici-na-nagradite-zlatna-ramka-01.jpg

Добитник на наградата филмски автор годинава е Кирил Спасески, признанието филмски работник ќе му припадне на Бранко Петровски, додека наградата филмски актер ја добива Сашко Коцев. Оваа година, за првпат ќе биде доделена и почесна награда на странски автор, која ќе му биде врачена на филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. ДФРМ годинава одлучи да им одаде почит за нивната импресивна работа која низ годините допринесува за успешен развој на националната и балканската кинематографија.

Кирил Спасески ја добива наградата филмски автор поради неуморната посветеност и извонредното сценографско обличје на десетиците филмови од земјава и регионот.

sashko-kocev-dragan-bjelogrlikj-kiril-spaseski-i-branko-petrovski-dobitnici-na-nagradite-zlatna-ramka-0.jpg

Добитник на почесната награда филмски работник е Бранко Петровски поради дедицираноста кон македонскиот филм во процесите на неговото создавање и промоција и особената посветеност на младите автори и нивниот пробив.

sashko-kocev-dragan-bjelogrlikj-kiril-spaseski-i-branko-petrovski-dobitnici-na-nagradite-zlatna-ramka-05.jpg

Актерот Сашко Коцев ја заслужи почесната награда филмски актер со низата вонредни филмски остварувања во последните години.

sashko-kocev-dragan-bjelogrlikj-kiril-spaseski-i-branko-petrovski-dobitnici-na-nagradite-zlatna-ramka-02.jpg

Драган Бјелогрлиќ ја добива почесната награда за странски автор поради неговата појава пред се како актер, додека како продуцент и режисер ги обединува малите балкански народи. Неговото име и презиме значи мост помеѓу нашите слични, а сепак многу различни култури, нации и конфесии. Оваа награда е еден вид признание за особен приодонес кон балканскиот филм и градењето на културна кохезија помеѓу балканците.

sashko-kocev-dragan-bjelogrlikj-kiril-spaseski-i-branko-petrovski-dobitnici-na-nagradite-zlatna-ramka-03.jpg

Церемонијата на доделување на наградите во присуство на странски гости ќе се одржи на отворањето на „Златна рамка 22“, на 9. јуни во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 20 часот.

Манифестацијата „Златна рамка“ годинава се одржува од 9 до 12 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg