Зошто треба да размислите за премин на помалку штетни алтернативи?
- Детали
- понеделник, 06 јуни 2022
Речиси да нема човек кој не знае дека пушењето може сериозно да го наруши нашето здравје
Причината за тоа лежи во тоа што чадот од тутунот содржи повеќе од шест илјади материи, од кои повеќето се штетни или потенцијално штетни. Покрај тоа, цигарите содржат никотин, кој предизвикува зависност, што на пушачите дополнително им отежнува да се откажат од оваа лоша навика.
Во последните години, науката и технологијата се споија, нудејќи им на пушачите кои не сакаат да се откажат од тутунот и никотинот решение во помалку штетни тутунски алтернативи, пред се електронските цигари и уреди кои го загреваат, а не го согоруваат тутунот. Со користење на овие уреди, доколку се проверени од науката, изложеноста на штетни материи значително се намалува во однос на класичните цигари, но важно е да се напомене дека тие не се без ризик и дека најдобро решение е целосен престанок на консумирање на тутунот и никотинот.
Ова се нивните карактеристики и основни разлики:
Уредите за загревање користат патрони од вистински тутун, додека е-цигарата се полни со течност
Електронските цигари се полнат со течност која може да содржи никотин и кога се користат, испуштаат пареа. Од друга страна, уредите за загревање на тутунот ги загреваат патроните на вистинскиот тутун до одредена температура и користат електронски систем на контролата на загревање. Со нивната консумација се ослободува аеросол, а на тутунски чад, бидејќи не доаѓа до согорување на тутунот.
Производите кои го загреваат тутунот и е-цигарите не произведуваат чад
Кога нема согорување кое е карактеристично за традиционалните цигари, кај производите кои го загреваат тутунот и е-цигарите нема ни тутунски чад, ни пепел. Тие користат системи за загревање кои произведуваат аеросол, па во споредба со цигарите, нивото на многуте штетни материи е значително намалено.
Уредите за загревање на тутунот и е-цигарите не(содржат) никотин
Уредите кои го загреваат тутунот и поголем дел од електронските цигари содржат никотин, иако некои течности за е-цигарите можат да бидат и без никотин. Се работи за супстанца која природно се наоѓа во билката на тутунот и не е без ризик, бидејќи предизвикува зависност, но не е примарен причинител на болестите поврзани со пушењето. Нивниот главен причинител е тутунскиот чад, кој настанува со согорување на обичните цигари, што го докажа и науката.
Дали никотинот се додава во уредите кои го загреваат тутунот и е-цигарите?
За разлика од производите кои го загреваат тутунот, каде никотинот природно се ослободува од билката на тутунот, кај електронските цигари никотинот е додава во е-течноста, која се користи во производот.