Македонските фудбалери во нов поход - почнува Лигата на нации
- Детали
- четврток, 02 јуни 2022
Почнува нов циклус за фудбалската репрезентација на Македонија и нова шанса нашите фудбалери да потврдат дека се дел од европската елита. Третото издание на Лигата на нации, за нас ќе стартува со натпреварот против Бугарија, утре од 18 часот, а македонските репрезентативци уште од вчера попладне се во Разград. Тоа ќе биде прв меч во турбо програмата со четири средби во 11 дена, а Видеолотарија Касинос Австрија верува дека Македонија е фаворит и може да дојде до победа на сите од нив.
Бугарија, Гибралтар и Грузија се нашите противниците во рамки на групата 4 од Ц-дивизијата во Лигата на нации. Желбата и целта е да се освои првото место во оваа конкуренција, што потоа ќе отвори дополнителна шанса за пласман на Европското првенство во 2024 година. Оттука секој натпревар ќе биде важен, особено гостинските, како првиот, против Бугарија. Нашиот источен сосед е противник со кого досега сме одиграле седум средби, сите пријателски и во нив Македонија има две победи, еден нерешен исход и четири порази.
Три бода од Разград ќе значат важен ветер во грб пред натпреварот во Гибралтар, в недела и преостанатите два во оваа јунска сесија, на 9 и 12 јуни во Скопје, со Грузија и уште еднаш со Гибралтар. Вакво темпо е досега незабележано во фудбалската репрезентативна пракса, но селекторот Благоја Милевски има на располагање 26 фудбалери, кои треба да ги распореди оптимално, за Македонија да го демонстрира својот цел потенцијал. Од првичниот план отпаднаа само Ердал Ракип и капитенот Стефан Ристовски, поради повреди.
По историскиот настап на Европското првенство минатото лето и победата над Италија, која одекна во целиот свет и ја донесе Македонија на вратата на Светското првенство, нашата фудбалска гордост сега се впушта во нова авантура, а Видеолотарија Касинос Австрија, како партнер и поддржувач во сите тие ѕвездени походи со возбуда и голем оптимизам го очекува секој нов гол на момците во црвено-жолто.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно