Отворањето на новиот А1 продажен салон во „Капитол Мол“ со неповторливи дополнителни попусти за уреди и подароци за посетителите

Скопје, 1.06.2022 г. – А1 Македонија со задоволство го најавува отворањето на новиот продажен салон во трговскиот центар „Капитол Мол” лоциран во населбата Аеродром и по тој повод подготви неповторливи изненадувања за корисниците и посетителите.

otvoranjeto-na-noviot-a1-prodazhen-salon-vo-kapitol-mol-so-nepovtorlivi-dopolnitelni-popusti-za-uredi-i-podaroci-za-posetitelite-01.jpg

Од денеска, 1 јуни, А1 продажниот салон од „ТЦ Бисер” ја менува локацијата и тоа на првиот кат во трговскиот центар „Капитол Мол”, што го прави лесно пристапен за сите посетители кои сакаат непосредно да ги препознаат производите и услугите и на тој начин да го направат вистинскиот избор.

„Со отворањето на новиот продажен салон во Капитол Мол сакаме да бидеме уште поблиску до нашите корисници и до жителите на општина Аеродром и да бидеме местото каде преку персонализиран пристап и отворена поставеност на продуктите, посетителите можат да добијат едноставен и лесен пристап до посакуваните производи и услуги. Салонот претставува модерен и урбан простор кој овозможува поблиска и интерактивна комуникација со клиентите, што ја претставува и нашата крајна цел, да обезбедиме премиум услуга за своите корисници”, изјави Александар Сарџовски, директор на продажба во А1 Македонија.

По повод отворањето на новиот салон, А1 подготви дополнителен бенефит за сите оние кои ќе склучат нов договор или ќе направат обнова на постоечкиот договор за мобилни и конвергентни услуги, во периодот од 1 јуни до 7 јуни добиваат можност за дополнителна и зголемена субвенција со која можат да направат избор од широкото портфолио на уреди.

Дополнително, на 4 јуни, сите посетители на продажниот салон од 11:00 – 13:00 часот ќе имаат можност да уживаат во специјално подготвената забавна програма и да учествуваат во квиз по случаен избор на кој можат да добијат еден од подaроците што ги обезбеди А1.     

Со ова, А1 Македонија уште еднаш ја покажува својата посветеност и работа за подобрување на продажните салони согласно современите комуникациски потреби на корисниците, со цел обезбедување на врвно корисничко искуство.

А1 продажниот салон ќе работи секој ден во неделата од 10 часот до 22 часот од понеделник до сабота и од 10 часот до 20 часот во недела.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg