Како да направиш вистински избор на банка?
- Детали
- среда, 01 јуни 2022
Сигурно и ти си еден од амбициозните луѓе кои водат динамичен живот, сакаат да ги поместат границите и секогаш се стремат кон нешто подобро. Од завршувањето на сите работни обврски навреме, заштеда на ресурси, подобро менаџирање со стресот и работните обврски, па сè до наоѓање подобар баланс на приватното време и работата и посветување повеќе време за себеси.
Сите сме во потрага по најдобар финансиски партнер што ќе ни овозможи квалитетна услуга и додадена вредност, но и премиум услуга без разлика каде и да се наоѓаме.
Па, имајќи ги предвид многубројните наши желби и многуте банки на пазарот, се прашуваш како да избереш мудро?
Ајде да ги разгледаме најважните нешта што ни се клучни во изборот, земајќи ги предвид придобивките лично за тебе и најновите трендови во банкарството.
Што е најважно кај банкарските услуги во ова постпандемиско време?
Со искуството во пандемијата, нашите кориснички навики се променија, доживеавме радикална трансформација и сега сите претпочитаме дигитални услуги. Самата дигитализација значи дека ние ги имаме услугите подостапни и плаќаме пониски провизии. Дигитализацијата на банкарските услуги со сигурност ќе продолжи со забрзано темпо во текот на наредните години. Затоа, важно е да одбереш банка што инвестира континуирано во модернизација и во нови дигитални услови, следејќи ги дигиталните трендови во банкарството.
А зошто сепак се важни експозитурите на банката и вработените во нив?
Освен урбаниот и модерен изглед на самите експозитури, кои ќе направат да се чувствуваш комфорно и пријатно кога си во нив, многу е важно и каква услуга ќе ти пружат вработените во банката. Доколку во минатото традиционално вработените ти помагаa најмногу во однос на рутинските трансакции што ги извршуваш, сега од вработените во банката се очекува да те советуваат за да ја донесеш најдобрата одлука за посуштински прашања, на тема во што ќе инвестираш или како да управуваш со твојата заштеда.
Зошто Шпаркасе Банка е одличен избор за тебе?
Со трансферот на платата во Шпаркасе, веднаш ќе почувствуваш како си комплетно независен од шалтерот во банка и како дигиталните канали на банката се максимално безбедни и лесни за користење. Имаш можност да располагаш со своите средства од удобноста на твојот дом или канцеларија, без притоа да одвојуваш дел од работното време за посета на банка. Пакетот од мобилно, интернет-банкарство и Виза картичка може да го користиш 6 месеци без надоместок, а Виза подарува средства во износ од 2.000 ден за слободно користење за тебе како нов примател на плата.
Модернизацијата, зголемената дигитализација и подобрувањето на условите во понудата е трендот што ќе го почувствуваш не само при користењето на дигиталните канали, туку и кај процесот на кредитирање, депозитната понуда, електронското потпишување договори, онлајн воспоставување деловен однос со банката , и многу други иновации во најава.
Биди и ти визионер што го менува светот и искористи ја оваа уникатна понуда од Шпаркасе Банка!