Горан Бреговиќ со спектакуларен концерт во „Де Факто“ Гевгелија
- Детали
- среда, 01 јуни 2022
Скопје, 01.06.2022 – Големиот музичар, гитарист, продуцент, автор на филмска музика и основач на популарниот сараевски бенд „Бијело Дугме“, една од најпознатите југословенски поп/рок групи - Горан Бреговиќ, познат како Брега, доаѓа во Македонија.
Со мега спектакуларен концерт во „Де Факто“ во Гевгелија, на 25 јуни, најголемата балканска ѕвезда Бреговиќ, со својот оркестар од 12 музичари, пред неколку илјадници гости, во стилот по кој е познат, секогаш забавен и неуморен, ќе го одбележи стартот на богатата летна музичка програма.
Оваа посебна ноќ ќе биде запаметена со пеење во еден глас на мегапопуларните хитови како „Мјесечина“, „Едерлези“, „Калашников“ и уште многу други со кои е запечатена неколку децениската кариера на Брега.
Приказната на дискотеката „Де Факто“ трае повеќе од 10 години, а денес несомнено важи за една од најдобрите и најголеми дискотеки во нашата земја, па нема сомнеж дека долго ќе се зборува за овој мегаконцерт.
Уште еден летен спектакал кој не смеете да го пропуштите.
Резервациите се во тек на 077530333 или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.