Добредојдовте во светот на прозорците WOW – World of windows - РЕХАУ претставува уникатно и спектакуларно искуство во Ерланген, Германија

Дивизијата РЕХАУ Прозорски решенија (REHAU Window Solutions) со саемот World of Windows (WOW) 2022 на спектакуларна платформа, претставува уникатен концепт, обезбедувајќи ефективна размена на информации со пазарот. WOW 2022 ќе се одржи во Ерланген, од 19.04 до 15.07.2022 година.

dobredojdovte-vo-svetot-na-prozorcite-wow-world-of-windows-rehau-pretstavuva-unikatno-i-spektakularno-iskustvo-vo-erlangen-germanija-01.jpg

Дивизијата РЕХАУ Прозорски решенија - REHAU Window Solutions секогаш се фокусира на близината до своите партнери и ефективната размена со нив, дури и во тешки и предизвикувачки услови: Добредојдовте во Светот на прозорците -  World of Windows 2022! Добредојдовте на WOW! Еден од многуте моменти ќе биде презентацијата на новиот GENEO RAU-FIPRO-X, кој со нетрпение се очекува во индустријата за прозорци.

„Безбедноста и здравјето, за нас, се секогаш во преден план. Ние нудиме системски решенија и секогаш сме ориентирани кон нашите партнери и вработени. Во безбедна и спектакуларна околина во Светот на прозорците - World of Windows 2022, создаваме хибриден концепт и го комбинираме дигиталниот со аналогниот свет. Резултатот е атрактивна и инспиративна средина за индивидуални решенија од дивизијата РЕХАУ Прозорски решенија - REHAU Window Solutions, за нашите партнери ширум светот“, вели Карстен Хеуер, извршен директор на РЕХАУ Прозорски решенија - REHAU Window Solutions.

dobredojdovte-vo-svetot-na-prozorcite-wow-world-of-windows-rehau-pretstavuva-unikatno-i-spektakularno-iskustvo-vo-erlangen-germanija-02.jpg

WOW 2022: Простор за дијалог и интеракција на 600 метри квадратни.

WOW 2022, се одржува на локацијата на РЕХАУ во градот Ерланген, Германија. Саемот претствува убедлив одговор на зголемените потреби на пазарот за комуникација, дијалог и иновации. Создава простор за интеракција со реално искуство на 600 метри квадратни. Така, дивизијата РЕХАУ Прозорски решенија -REHAU Window Solutions постојано го развива Светот на прозорците, кој освои награда во 2021 (German Brand Award 2021) и ја надополнува идејата за дигиталното искуство со централен аналогeн и во исто време безбеден простор за презентација на системските решенија.

„Партнерите на РЕХАУ Прозорски решенија - REHAU Window Solutions ќе имаат корист од WOW 2022, преку прилагодени средби со иновативни решенија во областа на бизнисот со прозорски профили, паметни производи, дигитални услуги и практична одржливост - на својот соодветен национален јазик и со експерт како лице за контакт. “, вели Петер Котцур, директор за маркетинг.

dobredojdovte-vo-svetot-na-prozorcite-wow-world-of-windows-rehau-pretstavuva-unikatno-i-spektakularno-iskustvo-vo-erlangen-germanija-03.jpg

РЕХАУ Прозорски решенија 2022 - REHAU Window Solutions 2022: успешни одговори за пазарите на глобалните мегатрендови како што се одржливост, дигитализација или урбанизација.

„РЕХАУ Прозорски решенија - REHAU Window Solutions, секогаш постојано се фокусира на успехот на сите свои партнери и на ефикасната размена со пазарот. Нашиот мотивиран тим работи на ова секој ден со целосна посветеност. Особено во 2022-та година која го поставува трендот, презентираме и бројни иновативни како и холистички решенија. Тие им обезбедуваат на пазарите, успешни одговори за глобалните мегатрендови како што се одржливост, дигитализација и урбанизација. Заедно со целата индустрија за прозорци, со нетрпение го очекуваме WOW 2022, каде што заедно ќе продолжиме да ја пишуваме успешната приказна за GENEO RAU-FIPRO-X. Целосно за нашите партнери и за нови идни решенија: „Направи разлика. Развиј го бизнисот““, вели Хеуер.

dobredojdovte-vo-svetot-na-prozorcite-wow-world-of-windows-rehau-pretstavuva-unikatno-i-spektakularno-iskustvo-vo-erlangen-germanija-04.jpg

Дивизијата РЕХАУ Прозорски решенија - REHAU Window Solutions, повторно ги открива прозорците и вратите секој ден. За подобар живот. Уникатниот пристап за рециклирање ЕкоПулс (EcoPuls) се залага за незаменлив концепт на одржливост во индустријата. REHAU Window Solutions, како пионер и двигател на одржливи индустриски решенија, е водечки експерт за холистички системски решенија долж целиот синџир на вредности: Прозорци. Откриени одново за модерниот живот.

Групацијата РЕХАУ остварува годишен обрт од повеќе од четири милијарди евра со решенија базирани на полимери. Групацијата ги комбинира REHAU Industries со Meraxis, New Ventures, RAUMEDIC и REHAU Automotive како силни компании под еден покрив. REHAU Industries е независна компанија и ги содржи дивизиите градежни решенија, решенија за прозорци, решенија за мебел и индустриски решенија. Повеќе од 20.000 вработени на над 190 локации ширум светот, работат заедно за континуирано да го подобруваат животот на луѓето, со употреба на иновативни, одржливи технологии за градежништвото, прозорците, мебелот и индустриските сектори. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg