Мурал посветен на инспирацијата - подарок за Скопје од dm дрогерие маркт

Во рамки на својата актуелна кампања „Почувствувај ја моќта на инспирацијата“, најголемиот дрогериски ланец во Европа, dm, го реализира проектот во чии рамки Нина Симовска изработи стрит-арт мурал. Овој проект е подарок за Скопје од dm дрогерие маркт, а неговата цел е да ја поттикне инспирацијата кај купувачите, соработниците и минувачите кои што муралот можат да го видат на објект на аголот меѓу улица „Даме Груев“ и „Максим Горки“

mural-posveten-na-inspiracijata-podarok-za-skopje-od-dm-drogerie-markt-01.jpg

Скопје, 30.05.2022 - Влезот на „Максим Горки“, попозната и како улицата на јапонските цреши, од неодамна го краси делото „Будење“ („Awakening“), на стрит-арт муралиската Нина Симовска од Just Because. Целосната реализација и изработка на оваа креација е подарок од dm дрогерие маркт за Скопје и е дел од актуелната кампања „Почувствувај ја моќта на инспирацијата“. Градејќи мост помеѓу уметноста и убавината, најголемиот дрогериски ланец во Европа има за цел да ја поттикне инспирацијата кај купувачите и соработниците за тие да одново да се пронајдат себеси.

- Имав идеја да биде насликан портрет на девојка која се наоѓа во полусон и е во фаза на „Будење“, па оттаму и насловот. Тој е во свежи бои што го означуваат будењето на природата, а истовремено целата композиција означува нова надеж. Женскиот портрет е претставен со сонце во заднината и е сместен во гранки од розеви цветови кои на целиот амбиент му додаваат свежина и леснотија - вели Симовска за делото.

Покрај одбележувањето на јубилејот по повод 10 години постоење на македонскиот пазар, dm ja стартува и кампањата чиј првичен фокус е инспирација од уметноста.

- Нашиот дрогериски ланец насекаде низ Европа ќе спроведе локални Street Art проекти, преку кои ќе ги инспирира купувачите и партнери да направат нешто ново, одново да се пронајдат себеси и да ги видат можностите на промените, да создадат средина и комуникација што ќе инспирира и поттикнува. Со ова, креативноста и инспирацијата сакаме да ги изразиме и на поинаков начин, не само преку советите и новите производи.

Нина, како наш истакнат стрит-арт муралист и уметник беше првиот и вистинскиот избор за спроведување на оваа активност во Скопје - изјавија од dm.

mural-posveten-na-inspiracijata-podarok-za-skopje-od-dm-drogerie-markt-02.jpg

Проектот се реализира во две фази - првата пред речиси две седмици, кога на 17 мај, на денот на отворањето на првите две дрогерии во Скопје, беше исцртан излогот на dm дрогеријата на улица „Даме Груев бр. 7“ во Центар. Втората, финална фаза, опфати изработка на муралот на зградата на улица „Максим Горки“.

Симовска истакнува дека предизвиците за изработка на ваков мурал се големи, односно тие подразбираат многу планирање и логистика.

- Во изведбата учествуваше и стрит-артистот Драган Китановски - Драш со кој заеднички успеавме да го завршиме ова дело од речиси 100 квадратни метри за пет дена. Самата работа на височина од 15 метри и временските услови имаат директно влијание врз темпото на работа и не секогаш сѐ може да оди по пропишан план, но мислам дека завршивме одлична работа - открива Нина.

Таа укажува дека имала отворена креативна слобода во однос на уметничката форма на делото, а тоа според неа значи голема доверба од страна на dm дрогерие маркт.

- Секогаш сум расположена и отворена за соработка. Ваков голем и успешно завршен проект ми влева дополнителна мотивација, а dm како компанија се покажа како многу професионален соработник, што ми дава голема доза на оптимизам дека во иднина ќе можеме да реализираме уште многу други проекти, што дополнително ќе го разубават нашиот град - вели Симовска.

mural-posveten-na-inspiracijata-podarok-za-skopje-od-dm-drogerie-markt-03.jpg

Како што откриваат од dm, новата кампања „Почувствувај ја моќта на инспирацијата“ е наменета за сите - купувачите, партнерите, вработените.

- Инспирацијата сакаме да ја разбудиме, буквално, во секој поединец кој ќе дојде во контакт со dm. Затоа, преку сите комуникациски канали ќе се обидеме да допреме до секоја индивидуа и со специфични бои и текстури да ја разбудиме и да ја поттикнеме инспирацијата. Тука, секако, особено сакаме да ги истакнеме двата мурали што ги изработивме со Нина, кои служат како вистински eye-catcher и треба да ја разбудат инспирацијата кај сите нас.

Навистина ни е драго што сме една од првите македонски компании, која во соработка со македонски артист успеа да изведе еден ваков убав проект и да им подари на сите жители и посетители на главниот град едно вакво прекрасно уметничко дело – истакнуваат од dm.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg