Филомена Пљаковска Аспровска од КаСис меѓу најуспешните жени менаџерки за 2022

Агенцијата „Марили“ викендов ја додели наградата „Жена водилка“ на најуспешните жени менаџерки за 2022 година. На свечената манифестација „Избор на најуспешни жени менаџерки 2022“ во Охрид беа прогласени 20 менаџерки од нашата држава и од регионот чиј квалитет и способности ги издвојува во бизнисот.

filomena-pljakovska-asprovska-od-kasis-megju-najuspeshnite-zheni-menadzherki-za-2022-01.jpg

Меѓу наградените е извршната директорка и претседателка на Управниот одбор на единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички Интернационален Картичен Систем – КаСис АД Скопје, Филомена Пљаковска Аспровска чиј продонес за развојот на компанијата но и унапредувањето на електронската трговија во земјава во исклучително тешки услови какви што имавме изминативе години ја прави пример за жена со неверојатни менаџерски способности и иновативен капацитет.

„Оваа награда не е само моја, ова е признание за целиот тим на КаСис кои се вложуваат себеси во работата чии резултати ги гледаме секојдневно и ги чувствува секој граѓанин при секое плаќање онлајн или користење на својата платежна картичка. Признанијата и наградите се мотив да се трудиме повеќе, да ги поставуваме критериумите уште повисоко и да настојуваме да ги надминеме. Ме радува што успеавме толку многу да направиме со КаСис изминативе години и да бидеме синоним за безбедни, сигурни и ефикасни платежни услуги. Благодарна сум на „Марили“ за наградата и честитки за организацијата на настанот.“ – изјави Пљаковска Аспровска по приемот на статуетката.

Агенцијата Марили овој настан го организира традиционално веќе 26 години. Меѓу наградените годинава беше и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска која доби специјална награда за успешно водење на монетарната политика во државата во услови на кризи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg