Полна летна кошничка со омилените Минисо производи

Календарското лето можеби сѐ уште не пристигнало, но долгите сончеви денови навестуваат најдобро време од годината. Затоа веќе тргнавме во потрага по летни модни додатоци, кои се подеднакво совршени за шетање низ градот и уживање во разладен пијалок под сенка. Ја проверивме одличната летна понуда на Минисо онлајн, на која нема да ѝ одолеете ниту вие.

polna-letna-koshnichka-so-omilenite-miniso-proizvodi-01 (2).jpg

Дали веќе одлучивте каде ќе одите на одмор? Ние не можеме да ви се мешаме околу тоа, но можеме да ви ги предложиме најубавите пешкири за плажа на Минисо, со кои сигурно ќе бидете забележани. Доколку и ти како нас, не можеш да се одлучиш за еден, одлучи се за неколку различни и биди шик секој ден.

Одлуката дали да се избере шарен или еднобоен несесер за нас заврши со додавање на  два во корпата на Минисо.

polna-letna-koshnichka-so-omilenite-miniso-proizvodi-03.jpg

Избравме несесер со шарен дезен и топли тонови за „див“ летен стајлинг кој (секако) ќе го комплетираме со папучи со ист дезен, а не можевме да одолееме на дизајнот на несесерот со ананас со кој летото ќе го понесеме со себе до канцеларијата.

polna-letna-koshnichka-so-omilenite-miniso-proizvodi-02.jpg

Иако имаме торба за плажа што ја купивме минатата година, едноставно е невозможно да се влезе во вистинско летно расположение без нова чанта - или можеби две. Долго се мислевме помеѓу торба со „Мини Маус“ или торба со „Мики Маус“, но на крајот се одлучивме за платнена торба со „Пајо патор“, со најубави летни бои.

polna-letna-koshnichka-so-omilenite-miniso-proizvodi-04.jpg

Ќе ви дадеме уште една идеја за да го комплетирате вашиот летен стајлинг. Наш избор се дефинитивно бејзбол капите за игри на плажа, а вие со еден клик на minisomacedonia.com.mk наполнете си ја кошничката по ваш избор и бидете најтренди ова лето!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg