Љубов на прв поглед!
- Детали
- петок, 11 февруари 2022
Љубов е… Кога има со кого да го споделиш утринското кафе. Кога готвиш за целото семејство. Кога заедно создавате спомени. Љубовта се „крие“ во малите гестови кои ги правиме за нашите сакани. Погледнете ги сите мали апарати по промотивна цена во Gorenje и пронајдете го совршениот подарок за вашите сакани.
Мириса на љубов!
Да започнеме со креирање на заеднички рецепт за чоколадни вафли или за солени мафини? Слатката одлука зависи од вас. Ставете ги плочите за вафли во форма на срце или заменете ги ако сакате мафини. Плочите може да се менуваат додека трепнете, а различните задоволства ќе се погрижат да им биде интересно на децата. Ќе се вљубите во апаратот за вафли и мафини WCM702PW на Gorenje уште при првиот направен рецепт заедно со него.
Дали сакате полна чаша со витамини?
Смути блендерот BSM600CLW од Gorenje е нешто што на секое домаќинство сигурно му треба. Иновативниот дизајн на ножот со четири сечила изработен од не'рѓосувачки челик обезбедува оптимално блендирање на состојките, што резултира во кадифена мазна текстура. Двете повеќенаменски чаши со пластични капаци ви овозможуваат да го носите смутито каде и да одите. На работа, универзитет, пикник со пријатели, во теретана или на прошетка со вашите деца. Здравиот пијалак ќе ви биде секогаш при рака. Внесете ги сите толку потребни витамини и додадете нова енергија и здравје во вашата секојдневна рутина.
Започнете го денот со совршена фризура
Фенот и пеглата за коса од колекцијата за нега на коса од Gorenje ќе ви овозможат брзо и совршено стилизирање на косата наутро, во текот на денот или во вечерните часови. Фенот за коса HD215PR овозможува дополнителна нега со јонизатор, односно додека ја сушите вашата коса, активните јони ја заштитуваат и ја одржуваат совршената рамнотежа на влагата во неа. Тие го спречуваат статичкиот електрицитет и ѝ даваат сјаен изглед. Пеглата за коса HS110BK со екстра долги керамички плочки од 110 мм и широк опсег од 150°C до 230°C овозможуваат побрзо и поедноставно зацврстување на широките прамени коса. Керамичката површина овозможува лесно исправување и ја штити косата од кршење. Блескајте со брилијантна фризура!
Запознајте ги сите одлични Gorenje апарати кои ќе го разгалат вашето срце и одберете го оној кој најмногу одговара на вашите потреби. Промотивната акција важи до 14. февруари 2022 година или до истекот на залихите на веб продавницата mk.gorenje.com, како и во продажните салони на Gorenje или во партнерските продавници на Gorenje. Едноставно можете да дознаете повеќе за оваа специјална понуда тука.