Почина основачот на dm drogerie markt, Проф. Гец В. Вернер (Götz W. Werner)

Oсновачот на dm drogerie markt, Проф. Гец В. Вернер (Götz W. Werner) почина доцна  утрината, на 8. февруари 2022 на 78 годишна возраст. 

dm-drogerie-markt-goetz-w-werner-01.jpg

Како што соопштија од неговото семејство, неговата сила постојано се намалувала во текот  на изминатите неколку месеци, така што тој, од здравствени причини морал сè повеќе да го  ограничува опсегот на своите активности. Тој тоа го издржал со голема храброст. Неговиот  син Кристоф Вернер (Christoph Werner), генерален директор на dm, рече дека неговиот  татко и исклучителен животен сопатник починал мирно, а тој и семејството се во длабока и  тивка жалост. 

Гец В. Вернер е роден во Хајделберг, Германија, во 1944 година како син на дрогерист.  Негова најголема желба била, еден ден и самиот да стане дрогерист и да биде тука за  купувачите. По завршувањето на обуката како дрогерист во Констанца, најпрво се  вработува во „Дрогерија Вернер“, сопственост на неговиот татко. Неговите идеи не се добро  прифатени и тој го напушта родниот град Хајделберг во 1969 г. и се приклучува на  компанијата од Карлсруе „Дрогерија Рот“.  

Не можејќи ни тука да ги пробие своите идеи за понатамошен развој на дрогерискиот  бизнис, во 1973 г., решава самостојно да ги реализира своите идеи преку dm-drogerie markt. 

Неговата визија за рамковни услови кои им овозможуваат на луѓето да се вклучат во  компанијата и да го пронајдат својот индивидуален, самоопределен пат во животот, му дала насока и моќ на неговиот порив за иновации. Така настанува работната заедница dm  drogerie markt, која на почетокот многумина ја гледале како необична, но со текот на  времето како визионерска. 

Неговата максима за „трајно и конструктивно незадоволство од постојните услови“ и  произлезената волја за постојано менување на компанијата значително го обликуваа  успехот на dm. dm drogerie markt сега е активен во 14 европски земји. Повеќе од 66.000 луѓе  ја сочинуваат работната заедница. Со промет од 12,3 милијарди евра, dm е лидер на  пазарот во Европа. 

Од раните 1990-ти години и уште повеќе по напуштањето на оперативната одговорност во  2008 година, Гец В.Вернер го посветил своето време на идејата за безусловен основен  приход, која ја застапувал неуморно во многу предавања и дискусии. Гец В. Вернер на оваа  идеја гледал како важен општествен придонес, да им се даде на луѓето слобода да  преземат сопствена иницијатива и, дури и во време на зголемена глобализација,  дигитализација и автоматизација, да учествуваат во животот на слободното граѓанско  општество. Тој секогаш бил свесен дека нема успее да го доживее завршувањето на оваа идеја. Сепак, Вернер ѝ посветил многу енергија бидејќи ја препознал како правилна и  значајна. 

Гец В. Вернер, исто така, стекнал и признание во академскиот свет, кога во мај 2005-та  година, Универзитетот во Карлсруе го поставува да раководи со интерфакултетскиот институт за претприемништво и му ја додели титулата Професор.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg