Светски познатата клиника за трансплантација на коса VatanМed отсега и во Скопје
- Детали
- вторник, 01 февруари 2022
Доколку имате проблеми со недостаток на коса, поради тоа сте несигурни и несреќни, за повторно да уживате во својот изглед, повеќе не мора да патувате во далечни земји и да плаќате астрономски бројки. Најефикасните методи изведени според најновите светски стандарди, со политика на цени прилагодена кон клиентот, отсега се достапни и во Македонија.
VatanMed е турска компанија која обезбедува услуги во областа за трансплантација на коса за глава, брада, мустаќи и веѓи.
Компанијата е основана во 2007 година и е распространета низ 17 земји во светот, меѓу кои и некои од нашите балкански соседи: Босна, Србија, Косово, Албанија со главната клиника лоцирана во Истанбул. VatanMed досега бележи над 40.000 задоволни клиенти.
Трансплантацијата на коса е уметност која ги комбинира здравјето и естетиката. За изведување на оваа уметност, VatanMed има структура која ги задоволува потребите на луѓето кои страдаат од проблем со губење на косата. VatanMed обезбедува услуги за сè за косата, вклучувајќи ги и сите операции за нега на коса, со гаранција која важи во сите 17 земји каде има отворено клиники.
Услугите за трансплантација на коса се целосно безболни, а задоволството на пациентите е од најголема важност. Тимот на VatanMed се состои од комплетно професионални експерти и медицински персонал кој е подготвен да му помогне на секој од пациентите во секое време. Секој зафат е проследен со процес на закрепнување од 7-10 дена, за кој е одговорен посебен тим на VatanMed, кој гарантира 24-часовна поддршка.
Како правно одговорна организација, VatanMed се грижи за своите медицински експерти и целиот медицински персонал. Сите операции се извршуваат со високо ниво на удобност во стерилизирана болничка средина.
Повеќе за главните методи за трансплантација на коса:
DHI трансплантација на коса - е метод на директна трансплантација на коса. Овој метод е резултат на потребата на пациентот да не ја потстрижува постоечката коса, а често се нарекува и „техника со молив“. Истата ситуација може да се открие и кај жените, но во нешто помал процент, поточно повеќе од 50% имаат некаков степен на слабеење на косата во текот на животот. Овој метод следи слична процедура како и другите методи за трансплантација на коса. Всушност, хирургот го извлекува фоликулот на косата од еден дел од скалпот на пациентот, најчесто од задниот дел на главата, и ги пресадува истите фоликули на делови кои ги немаат или фоликулите на косата се разредени. Со текот на времето ќе растат нови влакна од овие фоликули.
Метод на сафир - постапката што се изведува со оваа метода е именувана по инструментот кој се користи во хируршкиот процес, чиј врв е направен од скапоцен камен - сафир, што го прави процесот 100% прецизен со минимални зарези, намалено лупење на кожата и побрз период на заздравување.
FUE метода – денес е еден од најчесто користените методи во лекувањето на проблемите со опаѓање на косата. Овој метод често се претпочита поради брзината, безболноста и добрите резултати и станува широко распространет. Постапката е едноставна и безбедна, носи квалитетни резултати, а успешноста на трансплантираните фоликули е дури 98%.
Доколку ви е потребна процедура која навистина ќе ви го промени животот и самодовербата или едноставно сакате да дознаете повеќе детали, слободно јавете се на +389 70 503 490 за македонски / +389 70 503 480 за албански. Можете да ја посетите и Facebook страницата и веб страната.
Ординацијата се наоѓа во комплексот на Мавровка, Скопје.