Малите пациенти на нефрологија на Детската клиника во Скопје добија поудобен престој благодарение на донацијата од Јанa, Авт Интернатионал Доо и Тинекс

Со хуманитарната акција „Капка радост за малите херои!“ - Јана и Авт Интернатионал Доо донираа средства за целосно реновирање на одделот за нефрологија на детската клиника во Скопје.

malite-pacienti-na-nefrologija-na-detskata-klinika-vo-skopje-dobija-poudoben-prestoj-blagodarenie-na-donacijata-od-jana-avt-international-doo-i-tineks-01.jpg

Одделот за нефрологија на детската клиника во Скопје е целосно реновиран, се подобрија условите за работа и се обезбеди најдобра можна грижа за над 300 мали пациенти кои поминуваат годишно низ ова одделение. Со донацијата од Јана и Авт Интернатионал Доо целосно се реновираа сите соби во детскиот оддел за нефрологија, при што сите соби добија посебен тоалет.

malite-pacienti-na-nefrologija-na-detskata-klinika-vo-skopje-dobija-poudoben-prestoj-blagodarenie-na-donacijata-od-jana-avt-international-doo-i-tineks-02.jpg

„Одделот сега е многу подобар и поприлагоден на нашите мали пациенти за кои се обидуваме да обезбедиме што е можно поудобен престој во болницата, но и за нас вработените кои работат овде. Врвни експерти работат во оваа клиника и оддел и мило ми е што сега ќе работат во подобри услови за да им дадат на децата уште подобра грижа", рече проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Универзитетската клиника за детски болести, комплексот Мајка Тереза, Одделот за педијатриска нефрологија.

malite-pacienti-na-nefrologija-na-detskata-klinika-vo-skopje-dobija-poudoben-prestoj-blagodarenie-na-donacijata-od-jana-avt-international-doo-i-tineks-03.jpg

Хуманитарната акција „Капка радост за малите херои !" по предлог на Јамница, фабрика за производство на природна минерална вода Јана и Авт Интернатионал Доо-Скопје беше спроведена во период 01,08 до 31,10,2021 г. во сите маркети на "Тинекс" и "Космо", во кои за секој купен освежителен пијалок од асортиманот на Јана се издвојуваа по 2 денари за детската клиника во Скопје. Како бренд Јана секогаш се обидува да им помогне на најранливите категории и оние на кои им е најпотребно. Во соработка со Aвт Интернатионал  тие ги повикаа граѓаните да им се придружат во акцијата и заедно успеаја целосно да го реновираат детскиот оддел за нефрологија и да создадат прекрасна приказна.

malite-pacienti-na-nefrologija-na-detskata-klinika-vo-skopje-dobija-poudoben-prestoj-blagodarenie-na-donacijata-od-jana-avt-international-doo-i-tineks-04.jpg

„Би сакала уште еднаш да им се заблагодарам на Јана и Aвт Интернатионал  Доо за нивната иницијатива и помош, бидејќи после нивната акција, се јавија и некои други компании кои сакаат да донираат и помогнат, со цел престојот на децата во болница да биде поудобен, а сите знаеме дека кога луѓето помагаат и децата се посреќни", заклучи проф. д-р Софијанова.

malite-pacienti-na-nefrologija-na-detskata-klinika-vo-skopje-dobija-poudoben-prestoj-blagodarenie-na-donacijata-od-jana-avt-international-doo-i-tineks-05.jpg

Со помош на Јана и Авт Интернатионал Доо, малите пациенти сега ќе имаат многу поудобен и за нив прилагоден престој во клиниката, а во Новата година ќе влезат во нов простор достоен за насмевката на секое дете.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg