Како до ревитализација и побрз раст на косата?

Независно од тоа каква коса имате, густа или ретка, долга или кратка, под влијание на неповолните надворешни услови и стресот се намалува квалитетот на косата, ослабнува коренот на влакното, па не ретко доаѓа и до несакано опаѓање на косата. Покрај од генетиката, квалитетот на косата зависи од правилната нега  и од изборот на козметика.

kako-do-revitalizacija-i-pobrz-rast-na-kosata-01.jpg

Пазарот  е преплавен со производи, што ни создава хаос при изборот. Во вакви услови најдобра препорака за еден производ се искуствата на корисниците, и секако искуствата на професионалните фризери кои секојдневно се во контакт со своите клиенти. Според професионалниот фризер Даниел  Пауновски од Куманово,  ефикасноста на Grow Up Fast & Revitalizing шампонот и кондиционерот е исклучителна. Коментарите и од моите клиенти се позитивни, бидејќи нивната коса брзо се ревитализира,  станува поздрава и најважно од се, со драстично намалено опаѓањето на влакната. топло го препорачувам на сите колеги фризери!

Здравата и негувана коса е најсилниот “адут” на една жена. Кога таа е негувана, сјајна и здрава, жената е полна со самодоверба, и секако добро расположена. Тогаш е се полесно, па дури може да обрне помалку внимание и на гардеробата!

kako-do-revitalizacija-i-pobrz-rast-na-kosata02.jpg

Шампонот и кондиционерот Grow Up Fast & Revitalizing не оставаат мрсна трага, косата многу полесно се чешла и за кратко време, видлива е подолга коса. Активните состојки на овој професионален шампон ја негуваат, ревитализираат, ја намалуваат сувоста и кршливоста на влакното и драматично брзо поттикнуваат раст на косата. Наменет е за секој тип на коса! Ги содржи ефикасните состојки Биотин и Карнитин.

Биотинот – Витаминот Б7 врши синтеза на протеини, јаглени хидрати и масни киселини и притоа го зголемува нивото на кератин кој потикнува раст на косата. Карнитин е состојка која се наоѓа природно во телото и помага да се зајакне коренот на косата

Grow Up Fast & Revitalizing кондиционерот пак ја негува косата додавајќи и еластичност во борбата против кршењето и поделбата на врвовите на влакното, помагајќи поздраво растење на косата.

Шампонот и кондиционерот се создадени со патентирана Anti-Hair Loss технологија со биотин, карнитин и креатин. Не содржат сулфати, парабени и палминово масло.

Производите можат да се најдат само во професионалните фризерски салони и специјализираните продавници за нега на коса.

Вреди да се проба!

kako-do-revitalizacija-i-pobrz-rast-na-kosata03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg