Завршена армирано-бетонската конструкција на првата од четирите станбени кули на проектот „Diamond of Skopje“

Скопје, 26.01.2022 –  Комплексот „Diamond of Skopje“ одбележува заокружување на уште една етапа од развојот на проектот.

zavrshena-armirano-betonskata-konstrukcija-na-prvata-od-chetirite-stanbeni-kuli-na-proektot-diamond-of-skopje-01.jpg

Заврши изградбата на армирано-бетонската конструкција на првата од четирите станбени кули кои се дел од проектот „Diamond of Skopje“. Кулата има 20 ката, предвидени за станови со површина од 42 до 105 метри квадратни. Модуларниот дизајн дозволува нивно комбинирање за да се добие стан со поголема квадратура и број на соби. Сите елементи во градбата, а и во внатрешниот ентериер се изработуваат со висококвалитетни одржливи материјали, водејќи сметка за еколошкиот аспект и енергетската ефикасност.

„Diamond of Skopje“ ќе има вкупно 4 станбени кули со 772 станбени едници, деловен простор, трговски центар со површина од 48.000 метри квадратни, 3.200 паркинг места, подземна сообраќајница, како и хотел со пет ѕвездички - „Limak Skopje Luxury Hotel“, кој веќе започна со работа.

Вкупната инвестиција во изградба на мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“ изнесува 250 милиони евра.

zavrshena-armirano-betonskata-konstrukcija-na-prvata-od-chetirite-stanbeni-kuli-na-proektot-diamond-of-skopje-02.jpg

Изградбата на трговскиот центар во рамките на комплексот се одвива согласно планот и досега се реализирани повеќе од половина од планираните градежни активности.

„Изградбата на „Diamond of Skopje“ се одвива според планираната динамика и во услови на пандемија. Во изградбата на овој модерен мултифункционален комплекс се имплементирани најдобрите градежни практики, а дополнително на тоа се почитуваат и високите стандарди при работа, што е дел од работната етика на „Лимак“. Горди сме што Скопје ќе добие модерен функционален простор, кој истовремено ќе има и многу зелена површина“, истакна Куртхан Апајдин, главен извршен директор на „Лимак Скопје“.

Со зелена површина од околу 11.000 метри квадратни, „Diamond of Skopje“ ќе биде втор по големина зелен појас во централното градско подрачје на Скопје, веднаш по Градскиот парк.

zavrshena-armirano-betonskata-konstrukcija-na-prvata-od-chetirite-stanbeni-kuli-na-proektot-diamond-of-skopje-03.jpg

Дел од проектот е и подземната сообраќајница со што овој комплекс дополнително ја потврдува својата уникатност. Изградбата на сообраќајницата се одвива во етапи, при што 500 метри од вкупната должина од 800 метри се целосно ископани, со поставени потпорни ѕидови и фундамент, а 350 метри се покриени и со горен дел. Инаку, подземната сообраќајница ќе се протега под комплексот „Diamond of Skopje“, ќе биде 800 метри долга и 37 метри широка, со по две сообраќајни ленти во двата правци и трамвајска линија во средина.

Групацијата „Лимак“ со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности. Во портфолиото на „Лимак“ се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул (Istanbul Grand Airport), мостот Дарданели (Чанаккале) 1915, кој ќе биде најдолг висечки мост во светот по неговото завршување, меѓународниот аеродром во Кувајт, хидроцентралата Јусуфели, трета по големина брана во светот откако ќе биде изградена, како и многу други. „Лимак“ беше рангирана на 56 место на листата на 250 најдобри градежни компании во светот за 2021 година. Оваа глобално позната листа ја подготвува Engineering News Records (ENR), рангирајќи ги најголемите градежни компании во светот според нивните градежни активности на странски пазари.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg