Како да направите совршени фотографии со домашното милениче?

Дали е можно да се постигне совршен  момент за фотографирање на домашно милениче? Веројатно не, но велат дека спонтаноста е одлика на совршената фотографија, а тоа најмногу им одговара на нашите „најдобри пријатели“, бидејќи тие се кралеви на спонтаноста.

kako-da-napravite-sovrsheni-fotografii-so-domashnoto-mileniche-01.jpg

Galaxy Z Flip3 ќе овозможи да се постигне тој момент, особено затоа што овој флексибилен телефон на преклоп ви овозможува да правите фотографии без раце.

Правете селфи без да ги користите рацете

Можете да го поставите Galaxy Z Flip3 во положбата под агол што ви одговара. Процесот е многу едноставен, треба да ја вклучите апликацијата, да ја изберете предната камера и да го поставите телефонот да биде насочен кон вас или кон вашето домашно милениче. Прилагодете го аголот на екранот за да ви одговара, и се што треба да направите е да ја насочите дланката кон камерата и одбројувањето започнува автоматски. После тоа, движете се брзо за да не влезете во кадар, бидејќи овде зборуваме за совршената фотографија од вашето куче или маче. Нема да изостане ниту спонтаноста бидејќи во моментот на вашето бегство миленикот ќе реагира со движење на телото кое ќе се памети.

Шала на страна. Оваа опција се поставува во апликацијата на камерата со избирање на „Метод на снимање“ со што се вклучува „palm show“. Има и опција за овозможување гласовни команди.

Ако сепак сакате фотографиите на вашето домашно милениче да бидат совршени или онакви какви што сте ги замислиле, тогаш најдобро е да се чувствувате доволно опуштено и удобно пред камерата. За тоа ќе придонесе изборот на познатото место кое најмногу му се допаѓа, а атмосферата мора да биде што е можно поопуштена.

kako-da-napravite-sovrsheni-fotografii-so-domashnoto-mileniche-03.jpg

И надворешниот екран е добар за спонтани фотографии

Фактот што постојано ги воодушевува сегашните и ќе продолжи да ги воодушевува идните корисници, е дека надворешниот екран на телефонот може да биде исклучително корисен. Една од интересните опции е да фотографирате или снимате видеа без да го расклопите телефонот. Сè што треба да направите е да го притиснете копчето за спиење / заклучување на страната двапати и автоматски да ја вклучите камерата. Ако не е вклучена, можете да ја поставите оваа опција во поставките на телефонот.

Фотографирате со допирање на екранот, проследено со мал часовник со одбројување кој ви дава време да го прилагодите кадарот пред да фотографирате, што може да биде исклучително корисно доколку сакате очите на вашето милениче да дојдат до израз.

Покрај феноменалната фотографија со вашето домашно милениче, која можете автоматски да ја споделите на вашите социјални мрежи, ќе имате и спомен со малиот пријател кој ќе остане засекогаш во вашето сеќавање, но и во дигиталниот свет на спомените.

kako-da-napravite-sovrsheni-fotografii-so-domashnoto-mileniche-04.jpg

Одличниот квалитет на фотографијата е само една од врвните перформанси со кои може да се пофали овој телефон, а за да се запознаете со комплетната понуда на новата технологија што ја нуди овој телефон, посетете ја страницата.

kako-da-napravite-sovrsheni-fotografii-so-domashnoto-mileniche-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg