Кој ти дава 80.000 денари за возење низ Скопје?
- Детали
- вторник, 25 јануари 2022
Темата не ни е научна фантастика, ниту сезонски ветувања. Сакаме да го оправдаме тврдењето дека „на тој што му се работи – има работа.“ А, и сериозни пари.
Ако малку подобро ги разгледате огласите за работа, ќе сфатите дека еден е секогаш активен – Доставувач на храна во КликниЈади.
Зошто? Интересот ни отиде до таму што направивме кафе-муабет со Роберт, оперативен директор на Кликни Јади, најголемиот сервис за достава на храна во Македонија.
Како и зошто имате потреба од луѓе за достава на храна?
Луѓето се многу и често гладни во Скопје ? Сакаат кога храната ќе им стигне до дома. Се одвикнаа да излегуваат. Пандемијата си го направи своето, а изгледа и ние.
Борејќи се со рекордот (15 минути) што побрзо да ја однесеме нарачката од ресторан до дома, се бориме и за што поголем број на доставувачи. Затоа, вратите се секогаш отворени.
Зошто да се работи баш во КликниЈади и „затоа што сме најдобри“ не се важи како аргумент?
Затоа што работиме под услови спротивни на сите други. Нема строго работно време. Нема дремење во канцеларија. Нема ни фиксна плата.
Секој сам си го одредува работното време. Не треба на никого да се правда.
Дремењето во канцеларија за просечна плата го менуваме со динамичност, раздвиженост низ Скопје и со заработки по принципот „колку пари-толку музика“ и обратно.
Верувајте дека вредните и лојални дечки кај нас заработуваат исто како да се на менаџерска позиција. Само минус шеф над глава. ?
Да не се заборават и анегдотите кои секојдневно ни се случуваат и сите добро се смееме на терен и во канцеларија.
Пример, за празнициве Христос доставувачот ни беше апсолутен хит по социјални мрежи!
Кружат гласини (а, и реклами) околу заработувачката. Која е вистината зад бројките од 80-90.000 денари месечно?
Бројките се точни и никогаш не лажат. Заработката од 80-90.000 денари не се стигнува со 2 часа возење, имаме колеги што возат секој ден во месецот. Треба посветеност, љубезност со клиентите, организација на време и добро снаоѓање по гужви. И тоа добро си го цениме и наплаќаме.
Сега за сега, рекордна заработка која сме ја исплатиле на доставувач за 1 месец е 87.000 денари. И искрено, едвај чекаме некој да постави нов рекорд.
Колку нарачки треба да се извозат за тие пари? Каква е математиката?
За заработка од 87.000 денари потребни се 10 работни часа, 7 денови во неделата. Тоа се околу 17 однесени нарачки во текот на еден ден.
Што треба да знаат сите кои сакаат да си ги заработат овие пари?
Дека функционираме по принцип на бонуси и награди. Почитувањето на правилата, фер играта и чесната работа може да се исплатат, колку и да ви го кажуваат спротивното.
Спомнавте бонуси. Набројте ни ситуации во кои доставувачот заработува бонус и колку?
За секој екстра напор си следува соодветен бонус.
На пример, за секој регрутиран пријател со искуство од друг сервис за достава на храна, возачот си заработува 6.000 денари.
Секој месец, возачот кој однел најмногу нарачки, си добива 6.000 денари плус на заработките.
Возењето на рекламна табла на возилото исто така се доплаќа 3.000 денари плус, покрај месечната заработувачка.
Следува бонус и за секое вонредно вклучување на смена, надвор од дадениот распоред.
Генерално, добро завршената работа сакаме дупло да ја наградиме.
Кои се критериумите кои доставувачите треба да ги исполнат?
Строги критериуми – нема. Старосна граница, исто така нема.
Заработката не зависи од ништо друго, освен од вработениот.
Знаеме дека луѓето се скептични дека во Македонија може да се заработат добри пари, но сепак сакаме да ги охрабриме сите амбициозни и снаодливи дечки и девојки, да се испробаат на домашен терен, а да заработуваат пари како да работат во странство.