Виталиа споделува радост со здрави новогодишни подароци

Како и претходните години, така и оваа, ВИТАЛИА традиционално им подготви пакетчиња исполнети со здрави производи на ранливата категорија граѓани, на дечињата со посебни потреби и со дијабетес тип 1.

Во соработка со Баланс Мк – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија, дечињата добија специјално формулирани новогодишни пакетчиња, соодветни за нивната исхрана, со ниско количество на шеќери и јаглехидрати.

vitalia-spodeluva-radost-so-zdravi-novogodisni-podaroci-1.jpg

Виталиа ја поддржа и промоцијата на инклузивната сликовница „Другарите од Зоолошката градина“, проект реализиран од здружението „Различни, а Еднакви“ за децата со оштетен вид.

vitalia-spodeluva-radost-so-zdravi-novogodisni-podaroci-2.jpg

И оваа година, новогодишни пакетчиња за своите најмили доби и медицинскиот персонал на Клиниката за Инфективни Болести – Скопје, кои директно се изложуваат на опасностите од пандемијата и предизвиците што ги носи.

Компанијата се вклучи и во хуманитарните иницијативи на општина Гази Баба и општина Ѓорче Петров, како и на проектот од Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација на Кисела вода под мотото „Подари Пакетче, Подари Радост“ за децата од СОС Детско Село, Здружението за децата со интелектуална попреченост, и Здружението на деца со Мускулна Атрофија.

vitalia-spodeluva-radost-so-zdravi-novogodisni-podaroci-3.jpg

Составот на новогодишните пакетчиња е персонализиран, формулиран со висококвалитетни производи богати со протеини, витамини и минерали кои ја поддржуваат функцијата на имуниот систем и помагаат во одржување на здравјето.

Овие активности се дел од стратегијата за општествена одговорност на Виталиа и имаат за цел да се зголеми свесноста за децата со здравствени проблеми и со инвалидитет, овозможувајќи пристап до здрава и функционална храна, можност за полесно и активно функционирање во заедницата,  отварајќи ги портите за нивно креативно изразување и унапредување на квалитетот на животот.

„Секоја година успешно го зголемуваме опсегот на општествено-одговорните активности насочени кон оние на кои им е потребна најголема поддршка. Со овие донации ја завршуваме годината хумано и со топли желби за добро здравје, незаборавни спомени и многу насмевки во наредната година.“ - велат од компанијата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg