По 1 евро за секој изминат час спортски активности: Вработените од Тиго Фајнанс со донација за социјално загрозени семејства
- Детали
- четврток, 30 декември 2021
Во духот на празничната солидарност, негување на одговорна корпоративна култура, грижа за локалната заедница и посветено вложување во поддршка кон ранливите категории, вработените од Тиго Фајнанс обезбедија средства за покривање на трошоците за струја на социјално загрозени семејства.
Оваа донација се реализираше преку поттикнување на вработените на Тиго да практикуваат различни форми на физички активности, при што изминатите километри и часови физичка активност на вработените беа мерени преку апликацијата Strava и за секој изминат час во спортски активности компанијата донираше по 1 евро за загрозените семејства, односно за покривање на трошоците за струја за 4 семејства.
Преку ваквата иницијатива, Тиго Фајнанс направи спој со двострани придобивки, односно, поддршка на на ранливите категории и семејства коишто се во ризик при своето домување, но и врз негување практика за здрав животен стил, промоција на здрави животни навики и грижа за животната средина во специфични услови кога овој проблем се покажува како особено важен на локално и на глобално ниво.
Донацијата, инаку, се реализираше во партнерство со организацијата Ways 2 Help чија цел е да обезбеди поголем избор и можности за помош на сите ранливи групи преку обединување на организациите, компаниите и индивидуалците кои сакаат да помогнат во нивната едноставна платформа за плаќање сметки за струја на социјално загрозените земејства.
„Овие семејства се наоѓаат во специфични услови кога се зголемува невработеноста. Голем број на жители се истиснати на маргините од општеството, а за овие семејствата одговорот на прашањето на покривање на своите сметки е потежок од што може да се замисли. Трошејќи ги своите заштеди и гледајќи ги заостанатите сметки, овие семејства континуирано и секојдневно водат своја лична битка и затоа навистина сме благодарни на Тиго и сите општествено-одговорни компании кои изразуваат интерес да ја поддржат нашата мисија за помош на сите ранливи категории“, изјавуваат од Ways 2 Help.