Жито Лукс донира 750 килограми брашно во СОС Детско село

(Скопје, 30.12.2021) – Жито Лукс донираше 750 килограми брашно во СОС Детско село и даруваше новогодишни пакетчиња за децата.

zhito-luks-donira-750-kilogrami-brashno-vo-sos-detsko-selo-01.jpg

Донацијата е според потребите на СОС Детско село и ќе биде распределена во сите семејства од организацијата каде се згрижени децата. На овој начин компанијата одбележа 75 години од своето постоење.

Најголемиот производител на леб и брашно во земјава, со оваа донација продолжува со имплементирање на својата општествено одговорна стратегија која е насочена, пред сѐ, кон социјалните категории и децата.

„Горди сме што цели 75 години сме дел од секојдневието на граѓаните. Создаваме висококвалитетни и разновидни производи, но исто градиме и вредности кои ги пренесуваме со нашата улога во општеството и преку нашата општествена одговорност. Дел од тој ангажиран однос е и донацијата во СОС Детско село, со која веруваме дека ќе помогнеме за подобра снабденост на семејствата, но и за поттикнување на поголема свесност за потребите на социјалните и згрижувачки организации“, истакнуваат од Жито Лукс по повод донацијата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg