За повесели празници - тимот на Мтел ги израдува децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух со новогодишни пакетчиња
- Детали
- среда, 29 декември 2021
Новогодишните и Божиќните празници се време за радости, убави моменти, време за да споделиме среќа и да подариме насмевки.
И токму со таа мисија дел од тимот на новиот македонски телекомуникациски оператор, Мтел денеска го посети Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и ги изненади дечињата со новогодишни пакетчиња.
„Претстојните празнични денови се најмагичниот и највеселиот период од годинава, а подароците се убав начин дополнително да им ги разубавиме овие денови на децата. Среќни сме што имавме можност да ги израдувавме децата кои го посетуваат Заводот и да им’ посакаме среќни празници. Да направиме нешто повеќе заедно за повеќе детски насмевки, за радост и убави моменти за сите во Новата 2022 година“, велат од тимот на Мтел.
На децата од Заводот за рехабилитација вработените во Мтел им поделија 70 новогодишни пакетчиња посакувајќи им многу исполнети желби, а на вработените во Заводот добро здравје и успешна работа во Новата година.