Десет студентски тимови преку учество на хакатонот „Хакирај ја сивата економија во е-трговија“ ќе креираат решенија за намалување на сивата економија

Пандемијата придонесе за забрзување на растот на е-трговијата, но покрај растот на продажбите кај регистрираните е-трговци се зголеми и бројот на нерегистрирани субјекти кои целата своја дејност ја обавуваат преку социјалните медиуми.

deset-studentski-timovi-preku-uchestvo-na-hakatonot-hakiraj-ja-sivata-ekonomija-vo-e-trgovija-kje-kreiraat-reshenija-za-namaluvanje-na-sivata-ekonomija-01.jpg

Овие субјекти нудат најразлични производи, без издавање на сметка/фактура или можност за враќање и изразување на незадоволството доколку купувачот не го добил она што му било ветено. Купувачите, во услови кога не добиле потврда за купувањето немаат можност да бидат заштитени како потрошувачи и да бидат заштитени согласно закон од наделжните институции.

За да придонесе за раст и развој на е-трговијата, во која сивата економија и нелојалната конкуренција се пречка, АЕТМ, во соработка со Економскиот Факултет - Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, го организира првиот онлајн хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија насловен “Хакирај ја сивата економија во е-трговија”.

„Неизмерно сме среќни што организираме еден ваков настан во време на ескпанзија на е-трговијата и на сивата економија во неа, наменет за младите креативни умови кои се иднината на нашата земја. Благодарни сме им на сите партнери и поддржувачи што го препознаа потенцијалот на хакатонот и ја поддржаа неговата организација. Само со холистички пристап на сите засегнати страни може да се „хакира” сивата економија во е-трговијата, која што директно ни штети на сите нас. Веруваме во креативноста на студентите-учесници на овој хакатон и сигурни сме дека од тука ќе произлезат навистина корисни и уникатни идеи кои ќе придонесат за намалување на сивата економија.”, велат од АЕТМ.

Хакатонот ќе се реализира со поддршка од Mastercard како главен партнер, Касис АД Скопје и НЛБ Банка Скопје како златни партнери, како и со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ендава, Хаселт, Ред Бул, Кликни јади и Нескафе Македонија. Потенцијалот на хакатонот го препозна и лидерот за дигитализација во нашата земја - А1 Македонија, кој е дигитален партнер на овој хакатон.

“Како компанија која ја носи дигитализацијата во земјата, се стремиме со нашата понуда на дигитални услуги и решенија да придонесеме за раст и развој на нашето општество. Токму во таа насока е и поддршката на овој хакатон, каде веруваме дека предлог проектите ќе допринесат за подобра бизнис клима, преку намалување на сивата економија во е-трговијата.” – изјави Андреа Станковиќ, Менаџер за бизнис трансформација во А1 Македонија.

deset-studentski-timovi-preku-uchestvo-na-hakatonot-hakiraj-ja-sivata-ekonomija-vo-e-trgovija-kje-kreiraat-reshenija-za-namaluvanje-na-sivata-ekonomija-02.jpg

Десетте студентски тимови викендов ќе работат на креирање на решенија за намалување на сивата екоонмија преку две категории: „Едуцирај и мотивирај“ и „Детектирај и сузбиј“. Студентите од категоријата “Едуцирај и мотивирај“, ќе треба да развиваат креативни решенија за подигнување на свеста од штетните последици од сивата економија и ќе едуцираат и информираат за нејзино одбегнување, додека пак студентските тимови кои ќе работат во категоријата “Детектирај и сузбиј“ ќе треба да развиваат концепт за решение кое ќе помогне полесно да се лоцираат активностите кои се дел од сивата економија и ќе делуваат корективно, со вклучување на граѓаните и онлајн купувачите во процесот на сузбивање на сивата економија.

„Како Компанија сме горди што го подржуваме овој настан и секогаш сме подготвени да стимулираме иницијатив за поддршка и едукација на младите, развој и зголемување на ефикасноста на деловните процеси истовремено инвестирајќи во економијата, бизнисот, иновативноста и науката. На младите треба да им се обезбедат услови и постават предизвици за да останат тука, да создаваат во сопствената земја. Несомнено нивните креативни решенијата ќе придонесат за намалување на сивата економија и едукација на купувачите.” вели Филомена Пљаковска – Аспровска, Главен Извршен Директор на КаСис АД

Студентите при развој на своите идеи ќе бидат менторирани од искусни претставници во областите на е-трговија, маркетинг, ИТ и сива економија кои доаѓаат од приватниот сектор, но и од државните институциите како Царинска управа и УЈП, кои имаат значајна улога во борбата против сивата економија.

„НЛБ Банка како една од најиновативните банки на пазарот е предводник во развојот на е-трговијата кај нас. Дигитализацијата, како главен потенцијал на електронската комерција, е една од нашите главни ориентации, па затоа активно инвестираме во неа и се залагаме за развој на современи и софистицирани дигитални продукти и решенија. Учеството на овој хакатон за нас претставува голем предизвик бидејќи во него гледаме шанса заеднички да ги споиме експертизата и искуството кои го поседуваме со свежите и креативни идеи на студентите. Нашата високо развиена свест за последиците кои ги носи сивата економија беше еден од адутите поради која ја препознавме вредноста на овој хакатон. Како Банка со грижа и одговорност за општеството чувствуваме потреба да дадеме свој придонес во подигнувањето на свеста и едукација на младите, како и нивно мотивирање да размислуваат во правец на превенција и намалување на негативните ефекти од сивата економија. Се надеваме ќе успееме да ги инспирираме и да го поттикнеме во нив потенцијалот за изнаоѓање применливи решенија Им посакуваме многу среќа и успех!” -изјавија од НЛБ Банка АД Скопје.

Инаку, за победничките решенија на студетските тимови обезбеден е награден фонд од вкупно 3000 евра за понатамошен развој на идеите, а решенијата ќе бидат оценувани од стручна комисија за евалуација.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg